Традиционалниот сируп од коприва се користи за чистење на крвта но е доста вкусен и освежувачки напиток ако го помешате со газирана вода и малку лед. Научете како да го направите…Овој сок е добар и против реума и артритис а бидејќи копривите имаат железо исто така се користат и во борбата против анемија. Го пијат дури и оние кои имаат астма и проблеми со кожата. Исто така се веурва и дека ги спречува респираторните и уринарните проблеми но и губитокот на косата. Не мора секогаш да се разблажува со вода, можете само да го прелиете преку своите американски палачинки.
Ние ви претставуваме два рецепти- еден сосема едноставен а другиот во комбинација со лимон и мед.
Наједноставниот сируп од коприва
Потребно ви е- 1кг листови од млада коприва, 2,5 литри вода и шеќер (500 гр на секои 500 мл течност).
Измијте ги и исцедете ги листовите од коприва па потопете ги во водата и сето тоа оставете го „да се крчка“ околу еден час, додавајќи вода повремено. Процедете го па додајте шеќер и мешајте додека не се истопи во потполност. Добиениот сируп ставете го во стаклено шише и добро затворете го.
Корпива , мед и лимон
Подготовка
Околу 400 гр свежи млади листови коприва, сок од 6 поголеми лимони, 800 гр шеќер, 5 полни лажички ливадски мед и 1 литар филтрирана вода.
Постои еден трик, доколку не ви се допаѓа идејата вака со многу шеќер. Можете да го замените со мед, но само дел, да речеме на пример 300 гр заменете до 1 кг мед, но да не го готвите а потоа додадете го разладениот сируп. Вака добиениот сок има пократок рок на траење.
Копривата ставете ја во керамички сад и прелијте ја со сирупот. Поклопете ја чинијата и притиснете ја со тешка чаша или со тегла. Оставете така околи 10 минути. Потоа додајте го лимоновиот сок и мед. Со рацете исцедете го сокот и одвоете ја копривата. Кога ќе го добиете сирупот процедете го низ цедилка ако е потребно и работата е завршена. Сирупот ставете го во стерилизирано шише затворете го и оставете го да се разлади на темно место.
Сокот можете да го направите така што ќе помешате ¼ чаша од сирупот со ¾ вода. Сирупот може да трае 6 мееци. Овој сок е добар и против реума и артритис а бидејќи копривите имаат железо исто така се користат и во борбата против анемија. Го пијат



