Генадиј Pетрович Малахов е чуен руски исцелител и автор од областа на народната-традиционална медицина, кој живее и работи во градот Каменск-Шахинскиј.До сега објавил повеќе од 60 книги, кои се продадени во преку триесет милиони приомероци и преведени на неколку странски јазици. Со своите книги сака да ги мотивира луѓето да го запознаат својот организам и сами да се лечат. Многу тeрапии кои ги препорачува во своите книги, ги применува на себе.
Овде го претставуваме неговиот одличен и лесен рецепт за чистење на организмот со ленено масло со зачини.
Ленот се смета за еден од најстарите припитомени билки на Земјата.
Лековитите својства на малите семки се користат за олеснување на многу здравствени тегоби и одржување на доброто здравје.
Денес ленот неоправдано се занемарува, а вредноста на ова семе им е позната само на луѓето упатени во знаењето за здравата исхрана.
Ленот е природен извор на висока концентрација на есенцијални масни киселини, диетални влакна, есенцијални аминокиселини, и многу други вредни нутриенти.
Ленот содржи линолна, олеинска, и палмитинска масна киселина, а повеќе од половината маснотии содржани во ленот, ја чини алфа линоленската киселина (омега 3), што лененото семе го прави најбогато со извор на омега-3 масни киселини.
Конзумација на ленот
ленот може да се конзумира како семе (мелени за телото да може да ја искористи нивната вредност) или поедноставно во облик на масло.
Лененото масло е достапно како течно во шишенца и во капсули за поедноставно земање.
Не се препорачува да се користи за готвење бидејќи не останува стабилно при високи температури и неговите корисни состојки тогаш се распаѓаат во штетни состојки.
Лененото масло е многу ефикасно и при користење за надворешна примена, за нанесување на кожа. Се користи за зараснување на белези, кај изгореници, воспаленија, псоријаза.
Едноставен и вкусен, а при тоа и здрав оброк можете да подготвите така што лененото масло ќе го премачкате на свежо кравјо сирење, а можете да додадете и малку чили пиперка.
Потребно е добро да ги измешате сите состојки. Овој рецепт се препорачува за одржување на телесната температура и добро здравје.
Доколку земате лекови против згрутчувае на крвта или сте трудница или доилка, пред да змете ленено масло советувајте се со својот лекар.
Рецепт на Г. Н. Малахов за чистење на организмот со ленено масло и зачини
Земете 50мл ленено масло, додадете прстофат ѓумбир во прав и прстофат мелен црн бибер. Сето тоа добро имешајте го. Испијте го наутро на гладно. Ова масло треба да го подготвувате и пиете само три дена.
Маслото во комбинација со зачините помага да се исфрлат токсините од телото. По три дена земете ленено масло, но без зачини и внимателно втријте го на кожата по целото тело. Оваа масажа со масло се врши за потполно исфрлање на токсините од организмот.До сега објавил повеќе од 60 книги, кои се продадени во преку триесет милиони приомероци и преведени на неколку странски јазици. Со своите книги са



