ЧУВАЈТЕ ГО ЗДРАВЈЕТО: Еве зошто се вели да се биде „здрав како дрен“!

Дренот содржи големо количество природен шеќер, органски киселини, пектин, танин и многу витамин Ц.Кај народот е позната фразата „да се биде здрав како дрен“, па добро е да се знае дека значењето на ова растение за здравјето на човекот е големо.
Имено, дренот содржи големо количество природен шеќер, органски киселини, пектин, танин и многу витамин Ц. Во него се наоѓа и двапати повеќе аскорбинска киселина, отколку во портокалот. Плодовите се јадат свежи, а можат и да се замрзнат, сушат… Од нив може да се направи мармалад, чај, сок или компот, а тој е добра состојка и за колачите. Посебно треба да се истакне дека секој дел од ова растение е лековит – плодот, листот, кората, цветот, како и свежите или исушени семки.
Неговите лековити својства се забележуваат при лекувањето на воспаление на грлото, слабокрвност, болести на бубрегот, дијареја, хемороиди, дијабетес, како и за побрзо заздравување на раните.
Руските научници утврдиле дека дренот, неговата кора и листовите, поседуваат антимикробиолошко својство. Меснатиот дел од плодот и маслото добиено од семките, можат да се користат за регенерација на кожата.

Доколку при нарушувањето на работата на цревата и дијарејата се јави и треска, се препорачува чај од кората на ова растение. Во Франција и Италија, од дренот масовно се произведува вино и желатин, а недозреаните плодови се конзервираат во солена вода. Во Германија се варат со шеќер и оцет, па се користат како додатоци во јадењата направени од тесто и компир. Во Русија од него се прават вкусни супи и се користи како зачин за специјалитети од месо и риба.
Подгответе вкусен и лековит сок од дрен
Потребни состојки:
1,3 кг зрел црвен дрен
3 кг шеќер
50 г лимонска киселина
Вода, стаклено шише, газа
Подготовка: Измијте го дренот и ставете го да се вари во 5 литри вода. Кога ќе се распука, тој е доволно варен и тогаш згмечете го за да добиете смеса во вид на пире. Така направениот дрен оставете го да се готви уште 15 минути, по што со цедалка ќе го извадите од лонецот. Во лонецот се додава уште еден литар вода, 3 кг шеќер, 50 г лимонска киселина, па сето тоа измешајте го добро и варете уште половина час сѐ додека шеќерот не се истопи убаво.
Пената која ќе се собира на врвот од лонецот, отстранувајте ја одвреме навреме, а кога таа потполно ќе исчезне, сокот е готов.
Веднаш потоа, загрејте го стакленото шише, па во него преку газата истурете го сокот за да не се најдат помали парчиња од дренот во внатрешноста. Добиениот сок разредете го со вода и уживајте во лековитите својства.Кај народот е позната фразата „да се биде здрав како дрен“, па добро е да се знае дека значењето на ова растение за здравјето на човеко

Пронајдете не на следниве мрежи: