Тефлонските садови предизвикуваат тумор на црниот дроб

Како да грижата за тоа што јадеме не е доволна, па сега мора да водиме сметка и за садовите Сепак, изгледа дека е така, бидејќи минатата недела Агенцијата за безбедност и зачувување на животната средина на Америка предупредила на садовите со нелеплива површина.
Перфлуоркарбон (ПФЦ) подлогата  на овие садови се поврзува со тумор на црниот дроб и тестисите и појава на други здравствени проблеми.
ПФЦ ослободува во воздухот отровен гас кога ќе се загрее премногу. Затоа, избегнувајте употреба на тефлонски тави на висока температура и никогаш не ги загревајте доколку се празни.
Користете дрвен или силиконски прибор за мешање и вадење на храната.
ПФЦ лесно може да се ослободи доколку се изгребе површината на тавата. Од таа причина, при готвење користете исклучиво дрвен или силиконски прибор
Рачно миење на тефлонски садови
Машините за миење садови се премногу жешки за миење на тефлонот. При миење во машина  се ослободува повеќе ПФЦ за разлика од рачното миење
Кујнските садови често се предмет на полемики врзани за здравјето
Во 70-те се верувало дека алуминиумот предизвикува Алцхајмерова болест, што довело до значително намалување на неговата употреба во производството. Сепак оваа теорија никогаш не била докажана.

Бакарните садови при готвење може да испуштат извесна количина на овој материјал која може да предизвика мачнина и дијареја.
Железото исто така може да предизвика извесни здравствени проблеми, додека за нерѓосувачкиот челик се верува дека е сосема безбеден.
И покрај бројните теории се верува дека тефлонските садови се безбедни поради специфичниот начин на изработка.

Според една студија, биле тестирани 26 тави со нелепливо дно и ниту едена од нив при високи температури не испуштила било какви хемикалии
Сепак, забележано е дека некои личности почувствувале мачнина откако конзумирале храна која прегорела додека се готвела во тефлонски  сад.
Епилог на оваа приказна е дека можете да ги користите тефлонските садови, без да се грижите за своето здравје. Но внимавајте да ја одржите оптималната температура  и да не ги изгребете. Доколку тоа сепак се случи, купете нов, побезбедно е.Сепак, изгледа дека е така, бидејќи минатата недела Агенцијата за безбедност и зачувување на животната средина на Америка предупредила на садовите

Пронајдете не на следниве мрежи: