Овие здрави јадења содржат ПОВЕЌЕ ШЕЌЕР отколку што можете да замислите!

Кога станува збор за шеќерот, важи она дека обично помалку може да значи повеќе. И покрај тоа што избегнувате да јадете слатки и внимавате што јадете, би требало да знаете дека шеќерот се крие и во не толку очигледните места како што се колачите или бонбоните.Всушност, некои од таканаречените „нутритивни“ јадења, содржат огромни количества шеќер кои можат да ја задоволат потребата на организот за оваа намирница за цел месец!
SugarScience, нова иницијатива од Универзитетот Калифорнија, заедно со уште неколку организации, работат на тоа да ги едуцираат потрошувачите за шеќерот. Сајтот на оваа организација содржи преку 8.000 истражувања и предупредувања за ризиците на прекумерното консумирање на шеќер, вклучувајќи ги и заболувањата на црниот дроб, срцето и тип 2 дијабетесот.
Што се однесува на шеќерот, СЗО им препорачува на возрасните лица да внесуваат максимум 25 грама шеќер (или 6 кафени лажици) на дневна основа. Но, освен очигледната храна која е збогатена со шеќери, ќе ви претставиме и неколку други видови намирници кои би требало да ги внесувате во помали количества.
Јогурт
Нема да поверувате, но некои видови јогурт содржат повеќе шеќер отколку што може да се сретне во некои чоколатца. Некои јогурти на кои стои етикета дека се со ниска масленост, може да содржат и до 29 грама шеќер при едно сервирање.
„Внимателно прочитајте што пишува на задната страна, односно колку грама шеќер се застапени при едно сервирање“, вели Џој Бауер, која е експерт за диети и додава: „Можете да купите и јогурт кој не содржи апсолутно никакви додатоци, па можете и сами да додадете парчиња овошје во него, или една кафена лажичка шеќер, мед, или јаворов сируп“.

Гранола
Внимавајте и со консумирањето на оваа намирница, бидејќи една половина може да содржи и до 12 грама шеќер. Обичната гранола, без додатоци е подобра опција, но сепак содржи 6 грама шеќер (што во секој случај е поздрава опција). Но, доколку навистина сакате алтернативни грицки, заменете ја гранолата со бадеми.
Спортски пијалаци и овошни сокови
Размислете двапати пред да се хидратизирате со спортски пијалак по напорното вежбање. Само еден пијалак содржи 5 кафени лажици шеќер, ова тврдење доаѓа од Универзитетот Харвард. Сокот од портокал е уште полош, бидејќи содржи 10 кафени лажици шеќер, исто како и обичните сокови. Намалете го внесот на шеќер во организмот, со тоа што наредниот пат кога ќе ожедните, ќе испите вода наместо некој од овие пијалаци.
Салата
Иако салатата може да биде добра за здравјето на организмот додека содржи исклучиво зеленчук, во неа може да се крие извесно количество на шеќер ако се додаде прелив. Доволни се само две кафени лажици на посебен италијански дресинг за салата, кој содржи 2 грама шеќер, додека францускиот содржи повеќе – 6 грама шеќер. Затоа, одбегнувајте да ја јадете салата со прелив.
Кечап
Иако целосно не се смета за здрава намирница, мало количество кечап во јадењето нема да ви наштети. Имено, една кафена лажичка кечап, содржи исто толкаво количество шеќер.
„Овие совети не служат за да преплашат некого или да натераат дас е откажете од консумирањето на овие продукти, туку едноставно сакаме на луѓето да им ги отвориме очите за да внимаваат како и што внесуваат во организмот“, заклучи Бауер.Всушност, некои од таканаречените „нутритивни“ јадења, содржат огромни количества шеќер кои можат да ја задоволат потребата на организо

Пронајдете не на следниве мрежи: