Не се чувствувате добро? Денес за тоа имате оправдана причина!

Денес е најдепресивниот ден  во годината, но и за тоа постои решение.Доколку денес  се чувствувате малку необично, тоа е веројатно поради тоа што денес е најдепресивниот ден во годината.
Овој ден во 2005 година бил прогласен  од страна на Клиф Арнал  отакко пресметал дека третиот понеделник во јануари е  најдепресивен поради различни фактори вклучувајќи ги и временските прилики, бројот на денови во месецот и слично.
Исто така утврдено е  дека всушност тој трет понеделник во јануауари  е ден кога биле поднесени најмногу барања за развод и ден кога луѓето се жалат на времето шест пати повеќе од вобичаено.
Но, постојат неколку  начини на кои денешниот ден можете да го преживеете без многу грижи.
1. Излезете надвор, прошетајте, изложете се на витамин Д и вдишете свеж воздух.
2. Сретнете се со пријателите, тие го збогатуваат вашиот живот.
3. Јадете храна за утеха – тоа сигурно ќе ве орасположи.
4. Гледајте добра комедија, бидејќи смејата го намалува нивото на стрес.
5. Направете нешто поинакво. Хормонот на среќа се лачи кога ќе направите нешто за што сте мислеле  дека ќе ви биде тешко или дека нема да можете, а на крај сепак успевате.
6. Вежбајте, направете нешто корисно за своето тело и ќе бидете задоволни со себе.
7. Направете добро дело. Помагањето на други лица ќе ви пружи чувство на корисност.Доколку денес  се чувствувате малку необично, тоа е веројатно поради тоа што денес е најдепресивниот ден во годината.
Овој ден во 2005

Пронајдете не на следниве мрежи: