Момци, еве зошто девојките ве изневеруваат!

Луѓето не изневеруваат без причина – секоја акција има реакција. Еве кои се најчестите причини поради кои жените се одлучуваат на ваков чекор..Сте се опуштиле
Сега кога ја освоивте девојката, повеќе нема потреба да ја импресионирате. Сте пуштиле меше, престанавте да одите во теретана, времето во тоалетот го поминувате со отворена врата. Не дозволувајте ова да се случи.
Почесто ја барате мајка ви отколку неа
Девојките сакаат мажи кои се блиски со своето семејство, но не сакаат да се забавуваат со никој, кој својата мајка ја бара за да ја известува што јадел или да даде мислење за серијата која ја гледала. Вашата девојка сака крал, но не Едип.
Мрзливи сте и премногу уморни да се помрднете
Во ред е доколку ви наиде краток период, но генерално жените сакаат мажи кои се мотивирани и амбициозни и кои не ги мрзи да излезат од дома да прошетаат или да откријат ново место во градот.
Досадни сте
пронајдете хоби, читајте, почнете со нов спорт, испробајте нешто ново.
Не ја слушате
Не се работи секогаш за вас. Слушајте ги нејзините проблеми, надежи, случки.
Тврдоглави сте
Не бидете тврдоглави. Никој не сака да погреши односно сите сакаме да бидеме во право, но понекогаш не е лошо да подигнете бело знаме и да ја сослушате и другата страна.

Лоши сте во кревет
Сексот е важен аспект во врската, па доколку тука нешто не е како што треба, не е исклучено да се побара подобар љубовник. Поразговарајте, нека ве упати што таа сака во кревет и како.

Зависник сте од порно филмови/ стриптиз клубови
Доколку клубовите за стриптиз ги посетувате два пати месечно, а не живеете на плажите на Мајами, би требало да се запрашате и веројатно само очекувате момент кога вашата сакана ќе отиде со друг. Да не зборуваме за тоа како неколку пати ве „фатила“ како гледате филмови за возрасни…
никогаш не и кажувате како се чувствувате
Доколку не ги изразувате чувствата, таа никогаш нема да може да ви верува во потполност. Губењето на довербата е еден од првите знаци дека нешто не е во ред во врската и дека никој од вас ќе побара некој друг.
Не сте духовити
Докажано е дека жените ги привлекуваат духовити мажи. Доколку вашата девојка нејде маж кој ќе ја насмее повеќе од вас, рзвојот на ситуацијата е прилично јасен.Сте се опуштиле
Сега кога ја освоивте девојката, повеќе нема потреба да ја импресионирате. Сте пуштиле меше, престанавте д

Пронајдете не на следниве мрежи: