ОТВОРЕНО ПИСМО КОЕ СТАНА ИНТЕРНЕТ ХИТ: Прочитајте што една жена ѝ напишала на новата сопруга на нејзиниот поранешен маж!

Многу мајки стравуваат дека некоја друга жена би можела да го одгледува нивното дете, но една од нив одлучила да ја отфрли горчината и да ја прифати маќеата на својата 14-годишна ќерка.На својот блог, Кендис Кури напишала отворено писмо до маќеата на нејзината ќерка. Писмото стана вистински интернет хит.
Кендис го почнува писмото со искрена изјава дека се сомневала во 29-годишната Ешли Периш, сегашната сопруга на нејзиниот поранешен сопруг.
„Никогаш не те сакав тука, едноставно не беше дел од планот. Ти не постоеше додека сонував да основам семејство. Не сакав друга жена да ми помага да си го одгледувам детето. А се сомневам дека и ти си планирала да одгледуваш туѓо дете…“
Кендис признала дека уште пред да се запознае со Ешли, мислела дека таа е некаква „баба“ со која нејзината ќерка Стајлс нема да сака да си има работа. Но, нејзиното мислење се променило кога ја запознала Ешли.
„Кога првпат те сретнав, признав дека не си онаква каква што те замислував. Но, ме гризеше љубомората. Требаше да бидеш грозна, се сеќаваш? Но, ти не беше – беше преубава. Требаше да бидеш `баба`, а всушност сфатив дека си млада и слатка жена.
Моите планови пропаднаа во вода. Ја прифати мојата ќерка, уште од самиот почеток безусловно ги сакаше неа и нејзиниот татко, што е вистински дар за сите нас. Ја вклучивте мојата ќерка во сите ваши заеднички активности и направивте да се почувствува сакано и прифатено. Го стави нејзиниот однос со татко ѝ пред вашата врска, а само храбра жена може да го направи тоа.“

Ешли веќе седум години била дел од животот на девојчето, а две како маќеа. Кендис признала дека таа и Ешли си разменуваат пораки. Вели дека е благодарна што ја има Ешли како дел од новото семејство на нејзината ќерка.
„Ветувам дека секогаш ќе го почитувам твојот допринес во одгледувањето на мојата ќерка. Никогаш нема да ја деградирам твојата позиција во нејзиниот живот, ниту ќе направам да се почувствуваш како да не си нејзина мајка. Ветувам дека ќе ја учам ќерка ми да биде благодарна што има две силни и храбри жени во својот живот, кои имаат храброст заедно да ѝ бидат мајки.“
Кога писмото било објавено, ќерката била кај таткото, па ѝ раскажала на мајка си дека Ешли плачела додека го читала писмото.
„Кендис, не знам што да речам. Не умеам толку добро да се изразам со зборови како тебе. Сѐ што можам да речам е дека плачев додека го читав писмото. Ти благодарам за ова писмо, се чувствувам посебно. Писмото ми го разубаве денот и секогаш ќе го држам блиску до моето срце. Те сакам“ – напишала Ешли.На својот блог, Кендис Кури напишала отворено писмо до маќеата на нејзината ќерка. Писмото стана вистински интернет хит.
Кендис го почнува

Пронајдете не на следниве мрежи: