Се поголем е бројот на мажи, дури и оние женети, кои ја нудат својата сперма за жените кои сакаат да имаат дете. Тие главно се рекламираат преку интернет нудејќи „природна инсеменација“. Тоа е случај и со Кајл Горди (23) од Лос Анџелес.Новиот тренд на „природна инсеменација“ е се попопуларна во Америка. Мажите им го нудат овој вид на услуга преку интернет на жените кои многу сакаат да имаат деца, а немаат партнер. Помеѓу нив има и женети мажи кои го прават тоа без знаење на своите сопруги.
Тие се барани, бидејќи многу жени сакаат да забременат по природен пат.
Еден од донаторите на сперма е и Кајл Горди, студент од Лос Анџелес на кого на профилот на Фејсбук му пишува дека е донатор на сперма.
Кајл на својот профил објавил фотографии од своето детство, за жените да можат да видат како би им изгледало детето, и фотографии кои покажуваат како тој изгледа сега.
Кајл вели дека една жена веќе забременила со него и дека воопшто не се срами што нуди вакви услуги.
„Јас не се дрогирам, не пушам, не пијам, не пијам кафе. Јадам само храна која влиае добро на квалитетот на спермата, како што е пченица, кафеав ориз, овошје и зеленчук“, вели тој.
Еден од донаторите на сперма кој на овој начин им овозможува на жените да добијат дете е и „Џо“, кој е во брак и има три деца. Тој тврди дека како природен донор помогнал да се родат 30 деца во период од седум години, а неговата жена не знае за тоа.Новиот тренд на „природна инсеменација“ е се попопуларна во Америка. Мажите им го нудат овој вид на услуга преку интернет на жените кои



