Русинката Татјана Гаврилова во 1999 година во самоодбрана го убила момчето кое се обидело да ја силува. Тогаш имала 20 години. Убиството го опишала како последица од обид за провалување, но полицијата кај неа пронајде работи кои му припаѓале на убиениот маж и затоа завршила на суд, каде што била прикажана како наркоманка и алкохоличарка.Тука почнува нејзината драма. Во својата исповед, Татјана зборува за страшните услови во руските затвори, мачењата и дрогирањето.
Признанијата често се извлекуваат преку мачења. Некои од местата во кои што престојувала, биле неподносливи. Била затворана во простории со големина на два со два метри, каде што ја тепале и злоставувале. Во еден момент, била префрлена во озлогласениот затвор IK-28, каде што поминала осум месеци.
Неколку години од затворската казна ги има поминато и во психијатрсика болница, каде што ѝ биле давани толку силни лекови, што не била во можност ниту да држи лажица со раката. Кога од затворската психијатриска болница ја пратиле во обична, заклучиле дека е здрава, но потоа завршила во затворот IK-2, каде што повторно ја тепале и злоставувале.
Тие би ја терале да потпише дека земала повеќе чаршафи отколку што навистина земала, а во случаите кога одбивала да го направи тоа – би ја врзувале за радијатор и би ја удирале во стомакот и градите. Кога била пратена во цивилна болница, персоналот бил згрозен од модринките на нејзиното лице и тело.
Дури во 2007 година, рускиот борец за човекови права Владимир Лукин, реагирал откако прочитал едно од нејзините писма во кои редовно пријавувала што ѝ се случува. Никаква акција не беше покрената сѐ до 2009 година, кога во затворот дошле двајца инспектори, а на 2 септември 2009 година, Гаврилова беше пуштена на слобода.Тука почнува нејзината драма. Во својата исповед, Татјана зборува за страшните услови во руските затвори, мачењата и дрогирањето.



