Таа не може да го одгледува своето синче. Не може да го храни, да му ги смени пелените, да го избања. Може само очите да му ги измие од количката во која се наоѓа. Но, сепак, нејзиното храбро срце е преполно со љубов кон нејзиното синче.Оваа неверојатна приказна доаѓа од Сомбор и во неа се раскажува за животите на двајца родители, кои кога дознале дека ќе добијат бебе, не можеле да знаат што ги чека. Но, со проблемите се носат како вистински херои.
Марица Рајак се разболела од мултиплекс склероза и е неподвижна. Нејзиниот сопруг Горан Вујковиќ, не се одделува од неа. Тие пред четири месеци добија синче.
На Марица (33), ѝ беше одземена можноста да го спознае мајчинството на нормален начин. Таа се разболела од мултиплекс склероза, но не сакајќи да се откаже од родителството, решила со сите сили да се грижи за синот.
Кога дознала дека е бремена, таа и нејзиниот сопруг Горан Вујковиќ (39), немале никакви дилеми. Тие жртвувале сѐ за бебето. Алекс се родил месец дена пред терминот, но сепак е здраво и силно бебе.
– Уште од самиот почеток бевме свесни дека ќе биде тешко, но не сакавме да се откажеме. Кога забременив, ја добив поддршката од сите пријатели, лекарите, соседите… Само во една ситуација се соочив со зајадлив коментар, кога една жена ме осуди што се осмелив да родам дете, со оглед на болеста која ја имам. Но, јас не се исплашив. Пред да се разболам, се занимавав со гимнастика и одев во теретана. И навистина, бременоста помина без било какви компликации и се породив со царски рез. За време на бременоста и во наредните месец ипол дена по раѓањето на Алекс, не земав никакви лекарства за да не му наштетам и да можам да го дојам. Меѓутоа, состојбата ми се влоши и морав да престанам да си го дојам детето и да пијам лекарства – вели оваа храбра мајка.
Таа била свесна дека нејзиниот сопруг ќе мора да ја преземе целата одговорност при одгледувањето на детето, а таа само може да ги набљудува.
– Онеспособена сум било што да направам. Сѐ ни е тешко. Сопругот остана без работа бидејќи мора да ни помага и да биде со нас 24 часа дневно. Не смее да нѐ остави. Зависиме од него, а јас не можам сама да бидам со Алекс, сѐ уште е мал – раскажува Марица.
– Куќата ја делиме со моето семејство и живееме само во нашата спална соба. Месечно располагаме со вкупно 35.000 динари (290 евра). Од тоа се обидуваме да го поминеме месецот, а мораме и да плаќаме за лековите на Марица и пелените, да купиме храна… Жал ми е што не можам да работам, бидејќи во нашиот случај, тоа е вистински луксуз, со оглед на тоа дека не смеам да ги оставам сами – раскажува Горан.
Освен тоа, овие родители се грижат Алекс да не ја наследи оваа болест, а за да бидат сигурни, тие ги сочувале неговите матични клетки.
– Решивме да ги сочуваме матичните клетки, во случај доколку му се случи нешто страшно како и на мене, за да може да се излечи. Сега знам дека мојот Алекс е безбеден – вели Марица.
– Сонувам за денот кога ќе се разбудам, ќе ги облечам папучите и ќе се прошетам до креветот на мојот син за да го држам во раце – открива таа.
Да се надеваме дека овој сон наскоро ќе ѝ се оствари.Оваа неверојатна приказна доаѓа од Сомбор и во неа се раскажува за животите на двајца родители, кои кога дознале дека ќе добијат бебе, не можеле да


