Животната приказна на Олга К. Јарви е уште едно од низата сведоштва за важоста и лековитоста на позитвниот пристап кон животот. Токму така, по дијагнозата за канцер и тешки хемотерапии, главната потпора на Олга во борбата против тешката болест биле непоколебливата вера и насмевката на лицето. Тој пат воопшто не бил лесен, но оваа храбра жена и покрај тешката дијагноза, излегла како победничка од тешката животна битка.Еве ја нејзината исповед:
„Пред осум години докторите установија дека боледувам од рак и дека ми нема спас. Со своите дијагнози го потврдија и експертите од клиниката Мајо. Бев млада и не сакав да умрам.
Му се јавив на својот долгогодишен доктор, и со солзи во очите му кажав за својата тешка состојба. Ми одговори малку нервозно и прекорно:
‘Зошто се однесуваш така?, Зарем се предаде?
Нема сомнение дека ќе умреш доколку така плачеш и се жалиш самата себеси.
Знам дека ти е тешко, но плачењето воопшто нема да ти помогне.
Погледни и на вистината во очи. Дури тогаш ќе можеш да се бориш’
По тој телефонски разговор, си ветив себе си дека ќе го послушам неговиот совет.
Си реков: ‘Се колнам дека ќе престанам да мислам на смртта! Се колнам дека ќе престанам да плачам! Ветувам дека ќе превземам се што е во моја моќ за да ја победам оваа болест! Се колнам дека ќе живеам!’
Вообичаеното време за напреднатите случаи како што беше мојот, зрачењата траат по десет минути дневно во текот на триесет дена. Мене ме зрачеа по 14 минути во текот на 49 дена. Коските ми се познаваа, нозете ни беа тешки како да се од олово, но одлучив да не се грижам. Престанав да плачам. Наместо тоа се смеев.
Секако, само насмевката не е доволна без соодветна терпија.
Но, од мое искуство знам дека доброто расположение и оптимизамот му помагаат на организмот во борба против болеста.
Јас го победив ракот.
Благодарение на борбениот дух, поддршката на докторите и семејсвото, никогаш не се чувствував поздраво.
И понатаму ми одекнуваат зборовите на мојот доктор: ‘Погледни и на вистината во очи и престани да мислиш на смртта. Дури тогаш ќе можеш да се бориш.’Еве ја нејзината исповед:
„Пред осум години докторите установија дека боледувам од рак и дека ми нема спас. Со своите дијагнози



