Запознав една девојка на Фејсбук и како ајде да одиме еден ден од викендот на Бјелашница. Па физички сме си ОК, а додека да се запознаеме би можело да има нешто меѓу нас.На самиот почеток, таа ми рече дека не пуши, понекогаш пие, но тоа ретко се случува, не и се допаѓа кога момчето пуши и пие и што уште не. Си помислив во себе ајде ќе издржам еден ден да не запалам цигара.
Во Сараево, снег до колена, на Бјелашица снег до половината, а таа со високи потпетици. Тоа кога го видов ми стана лошо…
И така, по пат се запознавме, таа е таква и таква, јас сум тој и тој. Јас директен како и секогаш, веднаш преминувам на главното:
“Сега кога се запознавме ќе можеме ли да се бакнуваме во уста?”. А таа на кратко одговори – каде ни се брза.
Стигнавме на Бјелашица, а јас не знам каде да ја носам, со оглед на тоа што облекла високи потпетици?! Па седнувам јас со неа во едно кафуле пред познат хотел, каде седат голем број туристи. Нормално, нарачавме некои чаеви (чај не пијам ниту кога сум болен) и така да развијам некаква комуникација, да се запознаеме, а таа ми почнува муабет како нејзиниот поранешен бил ваков, таков, друг онаков, во главно кој од кој полош. Ја прекинувам јас неа и и кажувам дека јас сум фин, не сум како другите и сакав да ја бакнам. Девојкава се изгуби: не сака да се бакнуваме, вели дека уште е рано за тоа.
И седевме ние тука едно добри 2 ипол часа, па за да ја убијам монотонијата тргнавме на еден круг со ски лифтот. Во текот на возењето продолживме да зборуваме и после 40 минути се врачаме на точката од кај што тргнавме, и ај пак демек ќе седнеме некаде. Седнавме во една ливада покрај ски патеката, а јас пак со своето:
„Фино се запознавме и си поприкажавме, сега ќе се бакнеме ли во уста?“
И пак истиот одговор – НЕ!
Мене ми пукна филмот па си извадив цигара си ја запалив, па си нарачав греено вино малку да ме стопли. Се смрзнав разговарајќи без никаков ефект.
После еден саат таа ми вели ајде да си одиме дома. Седнуваме во автомобилот, но јас не сакав да го запалам автомобилот: „Додека не се бакнеме во уста јас не тргам од овде, а ти можеш и пешки да си одиш ако сакаш.“
Упорна таа упорен и јас. Седевме ние едни добри 20 минути во автомобилот и молчиме, кога таа после некое време во фрка, вика: ајде ќе се бакнеме. И ние почнавме да се бакнуваме, па како што и ветив ја вратив дома. При излегувањето од автомобилот =, ја прашав кога пак ќе се видиме, а таа ми одговори:
„Се надевам дека никогаш во животот нема да се видиме ниту пај да се сретнеме, поголема будала и кретен во животов не сум сретнала“.
И така јас не славно завршив.
После тоа која и да ја прашав дали може да ја бакнам во уста ми одеше од рака…Сигурно затоа што ги заобиколувам девојките со високи потпетици..
Што мислите вие? Дали е до високите потпетици?На самиот почеток, таа ми рече дека не пуши, понекогаш пие, но тоа ретко се случува, не и се допаѓа кога момчето пуши и пие и што уште не. Си



