Пред да го изнесат пред стрелачки вод, 17 годишниот средношколец Љубиша Јовановиќ им напишал на мајка му и татко му порака која засекогаш ќе остане врежана во сеќавањето на Србите, Југословените, сите жртви на нацизмот и фашизмот.„Драги мамо и тато, поздрав, последен пат. Љубиша.“
Но, неговиот татко пораката никогаш не ја прочитал. И тој, бил заробен и стрелан истиот ден како и неговиот син, но Љубиша тоа на го знаел.
Младиот Љубиша Јовановиќ бил еден од околу 7000 луѓе од Крагуевац и околината кои кон крајот на октомври во 1941 година со глава ја плати смртта на 10 германски војноици, убиени нешто порано во судирите во околината на Горни Милановац.
Во Спомен паркот „Крагуевски октомври“ се чуваат и други, потресни пораки на луѓе кои биле убиени од нацистите. Ова се некои од нив.
„Мила Ружице, прости ми за се во последниот час. Еве ти 850 динари, твој Божа“, и напишал на својата Ружица мајстор Божидар Милинковиќ.
„Драга Лела, Сека и Бато, чукна последниот час, простете му на својот татко. Ве љубам сите, Лазар. Сакав да се сликам со тебе Лело, но ти одложи. Жал ми е“, порача на своето семејство Лазар Петровиќ.
„Јас и Аца заминуваме заедно. Ве бакнува вашиот татко, живеете во солзи“, напишал Никола Симиќ, инженер, стрелан заедно со својот син Александар Симиќ.
„Ве поздравувам сите, Аца. Поздравете ја мојата другарка Даница“, била последната порака на Александар, средношколец од 18 години.
Една од најпотресните пораки напишал исто гимназијалец, Павле Ивановиќ. Тој му пишувал на татка си не знаејќи дека и тој е затворен и дека ќе умре од нацистички куршум исто како и тој.
Ова го напишал Павле, до својот татко:
„Тато, јас и Миша сме во топовските шупи. Донеси ни јадење, некој џемпер и некаква покривка. Донеси ни во тегличка некој мармалад. Тато оди кај директорот ако треба…“
„Леб утре не праќајте“, им напишал сметководителот Јаков Медина на своето семејство. Во последниот миг од неговиот живот, знаејќи во каква сиромаштија и беда живеат, се грижел за тоа да не го потрошат залудно во 1941 така драгоцениот леб на некој на кој повеќе никогаш ништо нема да му биде потребно. „Драги мамо и тато, поздрав, последен пат. Љубиша.“
Но, неговиот татко пораката никогаш не ја прочитал. И тој, бил заробен и ст



