Прегледајте се: Црниот дроб пропаѓа сосема незабележително…

Црниот дроб е опасен орган затоа што не боли…Најчесто болеста на црниот дроб не се открива ни при рутински преглед. Дури и оние кои имаат некои од поединечните симптоми, како што е жолтило на кожата, умор, омалаксаност, мачнини, болки во зглобовите, темна урина, бела столица, не ги доведуваат тие тегоби во врска со црниот дроб.
Типичните симптоми на хепатитис и другите болести на црниот дроб ги имаат само мал број пациенти па болеста се открива само кога е во напредна фаза до цироза. 
Сепак има клинички манифестации кои искусен докотор сигурно ќе ги препознае: црвени дамки на лице и гради, црвенило на дланките, бојата на јазикот.
Кај мажите има и дополнителни симптоми како атрофија на тестисите и болно зголемување на градите. Но и намалена моќ за расудување, кофузија, депресија….

 
Па така најголем дел од холестеролот настанува во црниот дроб а маснотиите доведуваат до атеросклероза, создавање на наслаги во крвните садови, а тоа води до инфаркт. 
Зголемениот холестерол најчесто не дава никакви симптоми, а е многу опасен. Се лечи само со промена на начинот на исхрана а не со лекови. 
За организмот не е добро ни кога нивото на „лошиот“ холестерол е зголемен ни кога нивото на добриот чија улога е да го штити телото од болестите на срцето и да го намалува притисокот е под нивото. 
Денес се најчести вирусните и алкохолните заболувања на црниот дроб. Бројни лекови може да доведат до хронична болест на црниот дроб. 
А ако на време не се препознаат и не започнат да се лечат сите хронични болести на црниот дроб тоа може да доведе до цироза- а текот на цирозата е долг во просек од 5 до 10 години а носи бројни тешки последици. 
Најпрво може да се лечи, но кога ќе се исцрпат сите опции терапии и болести, трансплатацијата останува единствена опција.Дури и оние кои имаат некои од поединечните симптоми, како што е жолтило на кожата, умор, омалаксаност, мачнини, болки во зглобовите, темна урина,

Пронајдете не на следниве мрежи: