Напивката од цвекло, моркови и јаболко ги елиминира лошите клетки во организмот и го забавува нивното растење. За нејзина подготовка потребни се: половина од големо или едно помало цвекло, два моркова и едно јаболко. Оваа напивка треба да се консумира три месеци, а здравјето со сигурност ќе ви се подобри.Подготовка:
Исечкајте ги цвеклото, морковите и јаболкото на мали кришки. Со помош на соковник, исцедете го сокот од цвеклото. Оставете го да стои еден час во стаклена чаша во фрижидер. Потоа, додадете го исцедениот сок од моркови и јаболкото. Консумирајте ја напивката 30-40 минути пред доручек.
Важно: немојте да ги мешате сите компоненти одеднаш. Прво се подготвува сокот од цвеклото, кој мора да отстои некое време во фрижидер во отворен стаклен сад. На тој начин се елиминираат штетните супстанци од цвеклото кои може да предизвикаат мачнина, повраќање, вртоглавица. Кога овие супстанци ќе дојдат во контакт со кислородот, ги губат своите својства и не предизвикуваат несакани ефекти.
Оваа напивка е многу ефикасна кај следните заболувања: го спречува развојот на клетките на ракот, ги спречува заболувањата на црниот дроб, бубрезите, панкреасот и помага при лекување на чирот, го зајакнува имунитетот, ги елиминира токсините, ја подобрува работата на цревата, го елиминира лошиот здив, ги намалува менструалните болки, го зголемува нивото на еритроцити во крвта и го намалува нивото на холестерол, го снижува притисокот и ја нормализира состојбата на крвните садови, корисен е кај хипотериозата – тироидната болест која е предизвикана од недостатокот на јод во организмот, го подобрува тенот и подмладува, кожата станува здрава и блескава, но и многу е ефикасна при губење на вишокот килограми.
Контраиндикации: уролитијаза, дијабетес, болести на гастроинтестиналниот тракт, дијареа.Подготовка:
Исечкајте ги цвеклото, морковите и јаболкото на мали кришки. Со помош на соковник, исцедете го сокот од цвекло



