Пријателите на Ивана тврдат дека таа се крие во Белград

Ивана Подрашчиќ (14) се уште не се јавила на своите родители  ниту пак се вратила дома, а полицијата сослушала  десет нејзини пријатели.„Сослушани се десет пријатели на Ивана кои биле во контакт со нејзе во текот ба 25-те дена откако се води за исчезната. Ти изјавиле за полицијата дека Ивана сигурно е во Белград бидејќи не  им рекала дека има намера да оди надвор од градот. Неодамна и со нив го прекинала контактот“, велат извори за медиумите.
Ивана Подрашчиќ, ученичка во седмо одделение, основно училиште ја нема веќе 25дена.
„Ќе се врати, но не знам кога. Не се јави, немаме ништо ново. Само полицијата не бара дополнително поради вести во весниците, како ние нешто да знаеме“, раскажува нејзиниот татко Драго Подрашчиќ.
Ивана заминала од дома на 29 јулии од тогаш никој не знае ништо за неа. не се јавила на родителите, ниту на постарата сестра и брат. Нејзиното исчезнување е пријавено дури на 9 август, повеќе од десет дена  од заминувањето од дома.

Никој не ја знае вистинската причина за нејзиното исчезнување. Родителите не изгледаат многу загрижени. И таткото и мајката се убедени дека таа е жива и здрава и дека некаде се крие, исплашена поради медиумската врева која се крена околу неа.
Полицијата не соопштува детали околу истрагата. Неофицијално се дознава дека пријателите на Ивана раскажале дека таа се дружела со сомнителни момчиња кои користеле дрога и алкохол. Се движеле по зафрлени паркови, пиеле и пушеле марихуана.„Сослушани се десет пријатели на Ивана кои биле во контакт со нејзе во текот ба 25-те дена откако се води за исчезната. Ти изјавиле за полици

Пронајдете не на следниве мрежи: