Ова е животната приказна на В.Д. мајка на една девојка од Панчево, која својот животен пат го пронашла во некоја секта, поврзана со дрога и проституција. Жената која во детството била напуштена од родителите, а потоа и посвоена од луѓе кои со години ја злоставувале, во младоста решила да сврти нов лист. Во желбата да стане праведна жена, завршила на улица, така што животот не би и ја одзел ќеркатата, која со години безуспешно ја чувала од влијанијата на сектите. Таа истакна дека во минатото некое време била одвоена од ќерка и, со желба да заработи што повеќе пари за да и обезбеди подобар живот. Наспроти тоа, лошите влијанија ги нарушиле нејзините планови.
“По 3 месеци се преселив во Белград бидејќи ќерка ми се обиде да ме убие. Овде почнав да работам како рецепционерка во хотел, каде набрзо почнав и да живеам во него. Во родната куќа се чувствувам небезбедно, па морав на улица.”, изјави жената и додаде дека работадавачите не се особено фер спрема неа, па така мора да работи цел ден за само 50 евра месечно.
“Едно утро се спремав за на работа кога забележав дека ќерка ми ја нема. Се јавив во полиција каде што добив арогантен одговор: “Каква мајка сте вие кога не знаете каде ви е детето?” и ми ја спуштија слушалката. Одлучив сама да ја побарам и само што ја отворив вратата ја забележав како си доаѓа. Целата беше облечена во црно,па дури и косата и беше офарбана. Влезе во куќата без збор, ме отгурна со вратата и се заклучи во совјата соба. Безброј пати се обидов да разговарам со неа и да и помогнам, но бев немоќна. Често одеше на гробишта, палеше свеќи за мртвите, физички ме напаѓаше, слушаше необична музика, за која подоцна дознав дека е музика која секташи ја слушааѕ за време на своите ритуали. Во една прилика ми забоде со нож во стомакот, бидејќи така и било наредено. Сектата ја воспитала дека јас сум непријателот. Доколку ме убие, а она умре од дрога, сектата доаѓа и ни ја зема куќата. Тие ги распаѓаат семејствата и на тоа начин доаѓаат до посед на целата нивна недвижност.”- објасни вознемирената жена и додaва:
“Долго време се занимаваше со проституција, а верувам и дека сеуште го прави тоа. Судијата за прекршоци имаше секс со неа и секогаш ја заштитуваше кога ќе стореше некако прекршок, кога ќе ме тепаше или кога беше приведувана. Немав каде да побарам помош.
Јас и маж ми побегнавме од ќуката во која живеевме, бидејќи неколку пати се обиде да не нападне со секира и да ни ги земе парите. Ни се закануваше дека ќе не запали при спиење, па проценивме дека е најбезбедно ако побегнеме во Белград. Таа го добила прекарот “торбарка-трeварка”, затоа што продавала марихуана, а подоцна почнала и со кокаин. Неколку пати пронајдов дрога во куќата и од други дознав дека почнала да работи со некои полицајци, а доказ за тоа е нејзиниот снимен разговор со еден полицаец од одделението за убиства.”Таа истакна дека во минатото некое време била одвоена од ќерка и, со желба да заработи што повеќе пари за да и обезбеди подобар живот. Наспроти тоа



