Видео: Вдовица во невестински фустан: Не поминала ни првата брачна ноќ, а веќе го изгубила сопругот!

Ентони Бруно (26), пожарникар од Канзас Сити, убиен е пред хотелот во кој планирал да ја помине првата брачна ноќ, и тоа пред очите на својата штотуку венчана сопруга.Трагедијата се случила во декември минатата година, а деновиве видео снимка од безбедносните камери ја шокираше  јавноста. На снимката се гледа како Стефани Бруно (29) во венчален фустан стои на улица, не насетувајќи дека набрзо ќе стане вдовица!
Ентони и Стефани по венчавката и прославата тргнале во хотелот во кој планирале да ја помината првата брачна ноќ. Кога стигнале пред хотелот невестата излегла, а младоженецот останал да ја плати сметката. Но, набрзо нивниот најубав ден во животот се претворил во кошмар.
Се почнало откако таксистот Ахмед Аломари упатил провокативни зборови до младоженецот  на сметка на невестата. Ентони почнал да го тепа, а во тепачката се вмешал и полицаецот Доналд Хабард, кој не бил на должност во моментот.

Му пришол на младоженецот и избила нова тепачка помеѓу нив двајца, а полицаецот во еден момент, стравувајќи за својот живот од Бруно, кој го совладал, посегнал по пиштолот и испукал два куршума во Ентони.
Стефани минатата недела поднела тужба против полицаецот, бидејќи не бил на должност и нема полициска опрема – бибер спреј или шок –пиштол, со кој би можел да го совлада нејзиниот сопруг и со тоа да избегне трагедија.
Трагедијата се случила во декември минатата година, а деновиве видео снимка од безбедносните камери ја шокираше  јавноста. На снимката се глед

Пронајдете не на следниве мрежи: