Вељко Дежмариќ (63) и Анто Баришиќ (55), како потстанари заедно живееле во зградата која е во сопственост на Марица Милошевиќ (45). Таа едноставно не можела да поверува дека двајцата цимери се скарале поради телевизорот!Според нејзините зборови, Дежмариќ таа вечер гледал телевизија во својата соба. Баришиќ се вратил од дневната соба и му рекол да го исклучи телевизорот, бидејќи тој веќе не сакал да го гледа. Вељко му се спротивставил и дошло до караница. Анто тогаш земал нож и му го забил право во срцето. Вељко починал на лице место.
„Во шок сум, не знам што да кажам. Само што си легнав, кога слушнав вресоци од соседната зграда. Сфатив дека нешто се случува и отидов да проверам. Кога дојдов, веќе сѐ беше готово“, вели Марица.
Според раскажувањето на Марица, Дежмариќ пред пет години имал карцином, но се излечил. Тој и Анто цело време се дружеле и никогаш претходно се немаат скарано.
„Не можам да поверувам дека се скараа поради една безначајна работа. Ова што се случи е надвор од границите на рационалноста“, рече таа.Според нејзините зборови, Дежмариќ таа вечер гледал телевизија во својата соба. Баришиќ се вратил од дневната соба и му рекол да го исклучи телевиз



