Деветгодишното момче од Флорида кое го нападнало алигатор во езеро близу Орландо, успеал да се спротистави и побегне од опасниот предатор.Како што пренесуваат американските медиуми, Џејмс Барди Џуниор и неговиот пријател се возеле со велосипед кога одлучиле да се разладат во езерото Тохопекалига. Штом почнал да плива, Џејмс почуствувал силна болка на грбот и набрзо сватил дека го каснал алигатор.
„Ја почуствував неговата вилица, неговите заби“, ја раскажало бестрашното момче својата средба со алигаторот долг три метри.
„Бев преплашен, Не знаев што да правам. Но, имав доволно сила да му ја oтворам вилицата, да побегнам и да испливам до копното“, рекол од својот болнички кревет каде моментално закрепнува.
Опасното суштество го каснало Џејмс три пати и му оставил околу 30 белези од заби по грбот, нозете и стомакот.
Докторите во една од раните пронашле заб од алигаторот кој Џејмс сака да го задржи како „спомен“ на својата страшна авантура.
„Прилично голем заб. Ќе го ставам на ланче за сите мои другари да го видат“, рекло момчето.
Како што пренесуваат американските медиуми, Џејмс Барди Џуниор и неговиот пријател се возеле со велосипед кога одлучиле да се разладат во езе



