ПРЕТЕРАНО: Носи златна кошула за да се фали за својот успех?!

Индиецот Панкај Парах за својот 45-ти роденден реши да се почести со навистина необичен подарок. Имено, тој нарачал златна кошула која тежи четири килограми. За работата да биде уште побизарна, тој се прошетал по улиците во придружба на своите телохранители.„Сакав да носам нешто со што би се пофалил за мојот успех“, објаснил овој магнат, кој станал богат иако нема никакво образование.
За златната кошула платил 160 илјади евра.
„Никогаш не излегувам без три килограми златен накит од дома. Жените ми се воодушевуваат, мажите ми завидуваат“, додаде тој.

Тој додаде дека кошулата од 22 каратно злато е лесна за перење и дека е пријатна за носење.
Инаку, овој Индиец додаде дека отсекогаш бил фасциниран од златото и дека носле повеќе злато од неговата сопруга за време на нивната свадба
Но, дека сепак и тој има свои стравови, сведочи фактот што со себе носи пиштол за да се одбрани од можен напад.
Изгледа дека телохранителите не му се доволна заштита.
„Сакав да носам нешто со што би се пофалил за мојот успех“, објаснил овој магнат, кој станал богат иако нема никакво образование.

Пронајдете не на следниве мрежи: