После 30 години складен брак: Никогаш нема да и простам на покојната сопруга што…

Кога Лени Валтер ја известил банката дека неговата жена на рак на белте дробови, открил стравична тајна: таа земала два кредита на нивната куќа и се задолжила за повеќе од 60.000 евра. Џоси умрела пред шест години, односно само неколку месеци откако нејзиниот сопруг дознал дека имала долг. На вдовецот сега банката може да му ја одземе куќата, а тој го одложува одењето во пензија за да може да го плати долгот.
Трагично е што тој вели дека нема никогаш да и прости на неговата жена. 
-Шест месеци откако и е утврдена дијагнозата ја открив вистината и ги преземав финансиите- вели тој. 
Не требаше ништо да и кажам затоа што во нормални усплови ништо не би знаел се до нејзината смрт. Но само еден ден откако реков дека ќе ја преземам контролата над финансиите, таа побегна. Само реков дека ќе ги платам сметките а следниот ден таа избега затоа што знаеше дека ќе дознаам. 
-Открив дека сум должен 60.000 евра- додава.
Неговата сопруга земала заем, а го направила фалсификат од неговиот потпис за да и одобрат кредит. Но, откако се откриени нејзините лаги таа побегнала. 
Лени не ја видел сопругата се додека ситуацијата не и била многу лоша па била префрлена во болница. А тој до ден денес не знае каде таа ги потрошила парите. 

 
-Немам поим, двајцата работевме. Децата заминаа од куќата- вели тој. 
Нејзината ќерка се сомнева дека таа имала коцкарски долгови.
-Секогаш трошеше многу. Кога умре живееше со мене и најдов многу облека која никогаш не ја облекла. Таа без прекин купуваше и купуваше- вели нејзината ќерка.
Нејзиниот сопруг сега се бори со банката за да остане во семејната куќа.
Еден месец откако ги открил долговите на сопругата тој добил писмо: Знам дека ме мразиш но не можам да те обвинам за тоа. Ти си вреден човек со златно срце, многу ме усреќи, а те оставив без пари. Се е моја вина, трошев премногу, работите излегоа од контрола.
Но и покрај 30-те години складен брак, Лени вели дека не може да и прости на сопругата. Џоси умрела пред шест години, односно само неколку месеци откако нејзиниот сопруг дознал дека имала долг. На вдовецот сега банката

Пронајдете не на следниве мрежи: