Австриската полиција приведе шест романски државјанки под сомневање дека ограбиле постари австријци, изведувајќи им стриптиз, а подоцна им ги ограбувале куќите и становите.Полицијата во Кнителфелд имаше полни раце работа викендов. Имено, една девојка (23) од оваа група е задржана во притвор, а останатите пет се пуштени, но со кривична пријава.
Последната жртва на оваа женска банда бил еден 83-годишен пензионер. Тој во куќата донел две жени од оваа група, кои се понудиле да му ја исчистат куќата. Тие го направиле тоа, „чистејќи“ му ги сите вредности од станот.
Едната од нив му го одвлекла вниманието изведувајќи му стриптиз, а во еден момент му ги покажала и градите. За тоа време, другата жена украла накит во вредност од неколку илјади евра, изјави инспекторката Силвија Бургер.
Полицијата успеа да расветли уште неколку слични случаеви од оваа област, како и од соседските австриски покраини – Корушка и Горна Австрија.
Оваа женска група секогаш работела на ист принцип: едната група им го одвлекувала вниманието на жртвите со стриптиз, додека другата група крадела.Полицијата во Кнителфелд имаше полни раце работа викендов. Имено, една девојка (23) од оваа група е задржана во притвор, а останатите пет се пуштен



