ИДИОТ: Се снимил како голта златна рипка и…

Според наводот на судот во Сафолк, процесот против Џек Блоуерс (20), бил неопходен поради нивото на „предумисла“ во овој случај.Џек Блоуерс добил казна од 250 евра и забрана за чување на животни, бидејќи ги голтнал своите златни рипки, а снимката ја поставил на Јутјуб.
Тој направил мини аквариум во чашата – со две златни рипки, нивната храна и песокот. Содржината на чашата ја испил во „играта на опивање“ или некноминацијата, која ги зарази корисниците на социјалните мрежи. Оваа игра се состои во испивање на нешто на екс и се поставува видео на интернет, со цел да се предизвикаат другите да го направат истото.

Златните рипки ја преживеале оваа бизарна игра, бидејќи Џек ги повратил во шољата, ги извадил од неа и ги однел во куќата кај својата баба, каде што и ден денес се наоѓаат таму.
Меѓутоа, бидејќи ветеринарите потврдиле дека рибите пателе поради оваа негова играрија, Блоуерс се изјаснил за виновен поради тоа што не ги заштитил и не се грижел за нив.
Покрај казната од 250 евра, Блоуерс мора да ги плати и трошоците од судењето во износ од 750 евра и забрането му е да чува животни во наредните година дена. Џозеф Мајкл (20), кој го снимал сето тоа, поминал само со опомена.
Во продолжение можете да ја погледнете неговата идиотарија:
Џек Блоуерс добил казна од 250 евра и забрана за чување на животни, бидејќи ги голтнал своите златни рипки, а снимката ја поставил на Јутјуб.

Пронајдете не на следниве мрежи: