Присуството на арсен во водата може да ја намали интелигенцијата кај децата

Светската здравствена организација и Агенцијата за заштита на животната средина, имаат свои истражувања дека ниското ниво на изложеност на арсен не е токсично, но една нова студија покажа дека државите во кои водата за пиење содржи барем 5 милионити дел од оваа тоскична супстанца, може да ја влоши меморијата, вербалното разбирање, па дури и способноста за перцепција кај децата.Веќе е познато дека една студија од 1999 година, покажала дека арсенот во водата за пиење може да предизвика болки во стомакот, откажување на бубрезите, црниот дроб, белите дробови и да предизвика рак на кожата, но дали е можно овој токсин да влијае врз интелигенцијата?
Арсенот природно се наоѓа како металоид во почвата и карпите. Тој може да дојде во допир со водата преку подземните води, предизвикувајќи контаминација. Многу години наназад, оваа теорија била отфрлана од официјалните здравствени организации иако било покажано дека арсенот може да предизвика разни болести.
Кога малите количества од овој токсин доаѓаат во контакт со глукокортикоидниот хормон, може да дојде до предизвикување на малигни заболувања. Арсенот исто така ја попречува нормалната функција на клетките на имунитетот. Исто така, арсенот ги оштетува клетките на белите дробови, предизвикувајќи воспаленија.

Дури и во Бангладеш, арсенот беше пронајден на места на кои претходно била пронајдена контаминирана вода, каде што луѓето од локалното население се жалеле на разни болести, вклучувајќи и намалена функција на белите дробови.
Доктор Џошуа Хамилтон, кој работи во Биолошката лабораторија во Мајами, вели дека ниеден токсин нема толкава листа на болести кои може да ги предизвика, како што тоа го прави арсенот.
САД не се единствените кои се соочуваат со овој проблем. Луѓето од светот се изложени на секојдневни труења со овој токсин преку водата, но и да не ја заборавиме и храната. Доколку не се преземат соодветни мерки, идните генерации ќе се соочуваат со тешки ментални проблеми.Веќе е познато дека една студија од 1999 година, покажала дека арсенот во водата за пиење може да предизвика болки во стомакот, откажување на бубре

Пронајдете не на следниве мрежи: