Ова е вистинско пријателство: Донирале кожа за пријателот кој е тешко повреден

Стефан Миниќ тешко е повреден  кога на плинско решо се обидел да направи кафе и се здобил со тешки изгореници на лицето, рацете, дланките, нозете, дури и стапалата. Пријателите организираат и хуманитарни концерти, бидејќи вештачката кожа за само пет прсти чини 128.000 динари.Никола Петровиќ (26), Милош Ѓукиќ(26) и Никола Барјактаровиќ (22) од Крагуевац  донирале своја кожа за пријателот Стефан Миниќ, кој  се здобил со изгореници на 38 проценти од кожата.
Додека докторите  на Стефан му ги менуваат завиоте под тотална анестезија, тројцата јунаци во Крагуевац спремаат хуманитарни концерти за да соберат пари  за понатамошните операции.
Стефан се повредил на 6 јули кога на плинско решо се обидел да свари кафе. Штом  ја запалил запалката огнот букнал, веројатно поради тоа што плинот некое време течел.

Ден по несреќата таткото на повредениот Стефан, Горан Миниќ, со треперлив глас го повикал соседот Никола Петровиќ. Петровиќ вели дека тој ден никогаш нема да го заборави.
„Ми рече дека на Стефан му е потребна кожа и ме праша да бидам дарител.
Тихо проговори дека се потребни уште двајца дарители. Го побарав директорот на работа. Кога слушнаа за што се работи, добив веднаш дозвола. Ги известив Никола и Милош.  Сите живееме во населбата  Станово, се знаееме од детство.  За помалку од еден час сите бевме подготвени. Докторите во Белград не предупредија дека ќе боли, дека долго време тешко ќе се движиме. Се заблагодаривме за предупредувањата и продолживме„, раскажува Никола.
„Стефан не го видвме од несреќата, кај него не може да се влезе. Кога зборува тивко, ние венеме, кога е подобро  ние живнуваме. Ме теши тоа што мојот син го лечи одличен доктор од Клиниката за изгореници и пластична хирургија“ , вели таткото Горан.
Во текот на наредната недела  Стефан ќе добие  вештачка кожа која ќе дојде од Америка, за да се прекрие едната дланка. Оваа кожа за само пет прсти чини  128.000 динари, како што вели неговиот брат Станко.Никола Петровиќ (26), Милош Ѓукиќ(26) и Никола Барјактаровиќ (22) од Крагуевац  донирале своја кожа за пријателот Стефан Миниќ, кој  се з

Пронајдете не на следниве мрежи: