СЕЛФИ ЗА ПОФАЛБА: Родена сум со овој белег, нема од што да се срамам

Младата Британка, која гордо на целиот свет му покажа белегот на нејзиното лице, ги воодушеви и ги инспирираше луѓето. Ејми Елсгод (22), родена е со црвен белег кој се простира преку нејзиниот десен образ, а од 11-та година користи посебна шминка за да ја прекрие дамката.Откако ја поставила сликата на Фејсбук, таа почнала да прима огромен број на пораки од сите страни, во кои луѓето ѝ искажувале поддршка.
„Носев шминка секој пат кога излегував од дома. Бев многу несигурна во себе. Но, еден ден помислив: родена си ваква, нема од што да се срамиш. Затоа поставив селфи без шминка. Знаев дека никој не може да ми каже нешто што веќе го немав слушнато претходно“, искрено рече Ејми.
Иако одела на ласерски третмани до својата десетта година, таа одлучила дека тоа веќе не и е потребно, а самите процедури биле непријатни за неа.
„Ласерските третмани најдобро делуваат кога сте многу млади. Можеби би можела повторно да одам на овие третмани, но белегот сега можам и со шминка да го сокријам“, вели таа.
Иако нејзината фотографија доби многу позитивни коментари, Ејми рече дека порано многуммина ја малтретирале и навредувале поради нејзиниот белег.

„Имав околу 4 години кога разбрав дека сум поинаква. Другите деца ги вперуваа прстите во мене, ме нарекуваа „крваво лице“ и ми збореа дека сум грда. Дури и една жена ми рече дека би била многу поубава да немав белег“, се присетува оваа девојка.
Во тинејџерските години таа се запознала со Џош. Но, неколку месеци Ејми носела шминка секој пат кога требала да се најде со него. Еден ден се појавила без пудра и се плашела од неговата реакција.
„Одлучив да се најдам со него без шминка и му реков дека ова е мојот вистински изглед. Но, тој ми одговори дека тоа апсолутно не менува ништо“, рече Ејми. Таа и Џош се веќе шест години во врска.
„Мојот белег не ме дефинира. И луѓето не би требало да се срамат да го покажат својот вистински изглед. Сфатив дека постојат и многу полоши работи од белегот и се прифатив самата себе баш онаква, каква што сум“, заклучи оваа храбра Британка.
Откако ја поставила сликата на Фејсбук, таа почнала да прима огромен број на пораки од сите страни, во кои луѓето ѝ искажувале поддршка.
&b

Пронајдете не на следниве мрежи: