Ми ја распарчи кошулата сред двор и ме силуваше: Синот ме гледаше и викаше

Најмалку 61 дете во Босна и Херцеговина е родено по силувањата во  војната и повеќето од нив не знаат за своето потеклото. Силуваните жени тешко зборуваат за својата судбина. Некои од нив се развеле а некои се згрозуваат од помислата за брак.Мајката на Ален Мухиќ не сакала да го нахрани детето кое го родила пред дваесетиедна година. Не сакала да се врзе за дете родено после силување, го оставила на грижа на болничкиот персонал и отишла во странство.  Ален го смета татко му за криминалец а мајка му, која никогаш не ја запознал, не сака да ја види.
Денес живее во Горажде , во семејство кое го посвоило, и кога имал 11 години храбро му ја признале вистината за неговото потекло.
Неговата биолошка мајка, според здружението „Жени жртви од војната“, е една од најмалку 20.000 жени силувани  во текот на војната во Босна и Херцеговина.
Бегство од судбината во Америка
„Да ти ја кажеме вистината, ти не си наш син. Сега си, но те посвоивме“, така Мухарем Мухиќ и неговата сопруга му ја соопштиле вистината на својот посвоен син Ален кога имал 11 години.
Новинари од Босна го истражиле потеклото на мајката на Ален. Таа била силувана во Миљевина кај Фоча во 1992 година. По силувањето мајката на Ален останала бремена и била заробена скоро до крајот на бременоста, а била разменета на крајот на 1992. Заедно со мајка и и сестра и стигнала до Горажде. Мајката на Ален ја криела бременоста од лекарите  но подоцна се пожалила на стомачни тегоби и била пренесена во болница каде родила дете. Не му дала име, не скала да го храни бидејќи се плашела дека ќе се поврзе со детето.  Денес таа живее во САД.

Вишеград – за една место на злосторство, за друга спас
За разлика од мајката на Ален која спасот од сопствената судбина го побарала преку граница, во Босна и Херцеговина останале многу силувани жени  кои се обидуваат да се изборат со својата болка. Помеѓу нив е и 66 – годишната Милојка Антиќ, која поради тоа никогаш не се омажила.
Била заробена во 1992 од страна на здружени босанско-хрватски воени сили и била одведена во логорот  Челебица. Тука преживеала повеќекратно силување. Била заробена 77 дена. Денес таа живее во  Вишеград.
Истата година кога била силувана Милојка, во дворот на семејната куќа, припадници на српските воени сили ја силувале Мемнуна Јашаревиќ и го заклале нејзиниот 16 годишен син.
„Ми ја распари кошулата, и среде дворот ме силуваше“, вели Јашаревиќ . Сето тоа го гледал нејзиниот синкој се криел на горниот спрат од куќата. Откако ја силувале и рекле да го донесе најостриот нож  што го има. Со тој нож го убиле нејзиниот син.
Денес живее сама во Сараево, а Вишеград и претставува симбол на неподнослива болка.

61 дете по силувањата
До крајот на 2013 година пред судотна Босна и Херцеговина затворени се 36 предмети кои вклучувале тужби за сексуално насилство со  вкупно 45 обвинети.
Според истражувањата на здружението „Жени жртви од воната“ , потврден е број од преку 20.000  жртви на силување. Најмладата силувана жртва била 11 годишно девојче, а најстарата од 65 години. Повеќето жени молчат за случувањата. Од здружението е потврдено дека најмалку 61 дете се родени по силувањата.Мајката на Ален Мухиќ не сакала да го нахрани детето кое го родила пред дваесетиедна година. Не сакала да се врзе за дете родено после силување, го

Пронајдете не на следниве мрежи: