Родителите на ова 11-годишно момче се соочуваат со сериозни казни, а можно е и одземање на родителското право над детето.Маж и жена од Велика Британија се уапсени затоа што допуштиле нивниот 11-годишен син да достигне тежина од 95 килограми.
Судот ги терети за неправилна грижа над детето, а им се заканува и одземање на родителското право над него.
Мајката е избезумена од ситуацијата. Таа тврди дека момчето е постојано на строга диета, и дека причината за неговата дебелина лежи во генетиката, бидејќи многу луѓе од нејзиното и семејството на сопругот биле дебели.
Родителите на момчето уште во Март добиле опомена од социјалните служби за грижата за здравјето на момчето, а овој пат се соочуваат со посериозни казни.Маж и жена од Велика Британија се уапсени затоа што допуштиле нивниот 11-годишен син да достигне тежина од 95 килограми.



