Пролетта е официјално тука и сите знаеме што значи тоа. Можност за дожд, излети, цвеќиња и секако – пролетно чистење!Ова се три начини со кои пролетното чистење може да биде полесно и поинтересно за вас и вашето семејство. Среќно чистење!
1. Раздели, па владеј
Нема причина зошто обврската за пролетното чистење треба да падне на само една личност. Тешките задачи можат да бидат релативно лесни, а чистењето може да се сведе само на неколку часа, ако учествуваат повеќе луѓе. Барајте помош од членовите на вашето семејство. Работите секогаш одат многу побрзо и се чинат многу полесни кога сите го прават тоа. Доделете му на секој член од семејството соодветни задачи и задолженија.
2. Направете план
Добро проверете ја секоја задача која што треба да се изврши и направете листа за секоја мала работа. Од бришењето кујнските креденци, до генералното чистење со правосмукалка, па и до чистење на непроодните места. Откако сте направиле своја листа, направете план за тоа како да се исчистат работите. За членовите на семејството кои не би можеле да знаат како нешто треба да се исчисти, направете детално испишан план за нив, како да го следат и да се однесуваат за време на чистењето. Дефинитивно ќе треба и да ги обезбедите со соодветните средства за чистење на некоја површина.
3. Направете да ви биде забавно
Овој чекор е особено важен ако и децата се вклучени во чистењето. Најдобра идеја е да се направи листа на песни, па не е на одмет малку и да се танцува за време на чистењето. Одличната музика и танцувањето дефинитивно ќе го направат забавно чистењето. Би можеле да одржите конкурс за најбрзо завршена работа – се` додека работата е добро извршена! Секако дека треба да се прави пауза, а за тоа време би можеле да се наградите себе и вашите сакани со омиленото јадење. Ако сакате уште повеќе децата да се забавуваат, обидете се да измислите игра. Поставете листи и зони, па обидете се да поставите тајмер додека сите чистат во своите зони. Тогаш кога тајмерот ќе сопре, децата ќе мора што е можно побрзо да се префрлат во другата зона. Прилично забавно, нели?Ова се три начини со кои пролетното чистење може да биде полесно и поинтересно за вас и вашето семејство. Среќно чистење!
1. Раздел



