Дали сте свесни колку е нечиста перницата на која спиете?

На сите ни е најубаво кога по напорен ден ќе си ја положиме главата ан меката перница и ќе потонеме во длабок сон. Но, дали сте се запрашале со што се ја делите таа перница? Ви откриваме неколку ситни нешта кои може да ви попречат во мирниот сон.Паразити
Перницата е идеално место за живеење за овие ситни инсекти. Иако не касаат и бодат, сериозен проблем може да ви направи нивниот измет. Ако наутро се будите со затнат нос, ве чешаат очите или пак кивате, тогаш е време перницата да ја исперете во врела вода или пак да ја замените со нова.
Мртви дермални клетки
Вашите мртви клетки од кожата и првутот се идеална храна за малите паразити кои живеат во навлаката на перницата. Штом го изгаснете светлото, тие излегуваат, се качуваат на перницата и буквално се гостат со сето тоа што од вас испаднало.
Габички
На една навлака за перница може да се пронајдат преку 10 000 видови габички. Додека повеќето од нив не се опасни, има такви кои може да ја влошат астмата кај болните, или пак да го ослабат вашиот имунитет. Пожелно е да купувате нова перница на неколку години како би се решиле од габичките.

 
Фекални материи
Звучи многу гадно, но така е. Навлаката за перницата е речиси иста по составот со капакот на тоалетната школка. Тоа е неизбежно, бидејќи ние на себе си носиме траги од нашиот измет и можеме да ги пренесеме насекаде, па и во нашиот кревет. За среќа, количината на овие фекалии е многу мала и потполно безопасна за нас.
Домашни миленици
Тие кои чуваат домашно милениче имаат дополнителни проблеми. Без разлика дали тоа спие со вас или не, шета насекаде и остава секакви паразити кои се опасни по вашето здравје. Колку и да го сакате вашето милениче, чувајте си ја вашата перница само за вас.Паразити
Перницата е идеално место за живеење за овие ситни инсекти. Иако не касаат и бодат, сериозен проблем може да ви н

Пронајдете не на следниве мрежи: