Дали светот ќе остане без омилениот пијалок на милиони луѓе?

Владата на САД се обидува да им помогне на земјоделците од Централна Америка да се изборат со катастрофалната болест која ги уништува полињата со кафе. Во Латинска Америка, штетите веќе ја достигнаа цифрата од милијарда американски долари.Залихите на убавото и скапо гурманско кафе се загрозени, а цените полека почнаа да растат. Габата која го убива кафето е распространета низ полињата на Централна Америка – болеста се шири веќе три години.
Се обидуваат да се развијат стебла кои ќе бидат имуни на габите
„Состојбата е катастрофална, зборуваме за штета од милијарда долари. Ова се мали фармери кои и онака тешко живеат, а тоа ќе биде погубно за нивниот приход“, истакнува Курт Реинтсма.
Американската Влада го бара решението во науката. Универзитетот во Тексас доби пет милиони долари за да се обиде да развие стебла на кафе кои ќе бидат имуни на габите.
Во Лос Анџелес, компанијата Лукс Кофи е специјализирана за пржење на мали количества на најфино кафе, од кое поголемиот дел доаѓа од Централна Америка. Зрната ги увезуваат од помалите одгледувачи. Сопственикот на компанијата, Марк Вејн е загрижен за нив, како и за себе.

 
Цените на кафето веќе се зголемени
„На нас, во индустријата за кафе гледам како на надзорници за производство на она што фармерите ќе ни го донесат. И ако нешто вакво се заканува дека ќе ги уништи нив – тогаш би можело да не` уништи и нас“, вели тој.
Доколку габата не се стави под контрола, САД прогнозира дека приходите од полињата со кафе во Гватемала, Ел Салвадор, Панама и Костарика ќе паднат за 40%, а тоа значи дека половина милион фармери и работници ќе останат без работа.
„Ако поголем број на луѓе станат сиромашни, ќе скокне стапката на криминалот. Мислам дека веќе расте миграцијата на населението од фармите во градовите, што би можело да предизвика и поголема миграција на север“, истакна Реинтсма.
Цената за идните испораки на кафето Арабика скокна на највисоко ниво на берзите, во последните две години.
Залихите на убавото и скапо гурманско кафе се загрозени, а цените полека почнаа да растат. Габата која го убива кафето е распространета низ полињат

Пронајдете не на следниве мрежи: