Стара школа: 7 древни идеи кои би ни го подобриле животот во модерното време

Модерниот свет ни донел многу нови и корисни изуми (На пример, јас сум огромен фан на антибиотици). Шегата на страна, можеме многу да научиме од старите начини на живеење за подобро да истраеме низ деновите на овој наш модерен и брз живот.1.Заедницата е нужна
Постојано низ историјата луѓето функционирале во некакви заедници, биле тоа племиња, братства, родови, здруженија и слично. Сте помислиле ли која е предноста на ова здружување? Станува збор за тоа дека во таква организација, секогаш сме опкружени со луѓето кои ги сакаме и не сакаат. Осаменоста никогаш не била проблем во поранешните општества. Луѓето постојано си одржувале контакт едни со други. И не! Фејсбук не е начин да останете блиски со роднините и пријателите! Користете ја технологијата за да организирате средби со блиските, а не истата да ги замени средбите.
2.Во здраво тело здрав дух
Ова навистина држи вода. За човек да е ментално спокоен, тој мора да е физички здрав. Денес ретко кој внимава на тоа, со оглед на пребрзото темпо на живот, преголеми очекувања на работното место, но и нездравиот начин на исхрана. Хранете се здраво и вежбајте редовно. Во одлична форма ќе ви биде не само телото, туку и умот. Редовното вежбање делува како природен антидепресив и прави да ја изразите својата креативност на многу полиња, но и да си создадете нови здрави животни навики.
3.Спознај се себеси
Само доколку сте свесни за своите потенцијали можете да донесувате правилни одлуки. Анализирајте ја вашата личност. Откријте како најдобро придонесувате за колективот и како да си удоволите себеси. Бидете свои, и воочувајте си ги мааните со цел да работите на подобрување на вашата личност. Не тежнејте да постигнете совршенство, туку постојано да станувате се подобри и подобри.

 
4.Што е најлошото што може да ме снајде?
Стоичките филозофи имаат таква пракса да мислат на најлошото што би можело да им се случи пред се друго, бидејќи така можат да бидат подготвени на се. Оваа стратегија не само што им помага на директорите да затвораат договори, туку буквално може да спаси и живот. Американската војска во своите стратешки планирања секогаш го зема најлошото сценарио за мисиите предвид со цел војниците да се поподготвени за критичните ситуации кои им претстојат.
5.Фокусирајте се
Зошто денес е потешко да се биде најдобар во својата специјалност отколку пред 6 векови? Вината лежи во сите работи кои ни го одвлекуваат вниманието. Луѓето мислат дека треба да се зафатат со повеќе работа за да се пофокусирани. Тоа е погрешно! Колку помалку работи, толку подобро сте усредоточени на истите. Фокусирањето е процес при кој треба да го усредоточите вашето внимание на една конкретна работа како би избегнале одолговлекување и неуспех.

6.Семејно наследство
Имањето приказни и семејна историја која можете да ја споделите со вашите деца е нешто многу добро и инспиративно. Се докажало дек колку повеќе децата ја знаат историјата и достигнувањата на своите претци, толку им е повисока самодовербата и самопочитта. Лесно е на децата да им наметнеме правила, но тоа не е правилна метода. Тие подобро учат од приказни и анегдоти. Семејните приказни ги мотивираат децата, даваат значење на нивниот живот и им го подобруваат процесот на учење и донесување одлуки.
7.Златното правило
Тоа е секаде исто, во секоја религија и догма, во секоја света книга, на секој јазик. Тоа е онаа познатата „Прави го на другите тоа што сакаш тебе да ти го прават“. Дури и многу истражувања потврдиле дека ова правило на реципроцитет е фундаментално за човековото постоење. Вистина е, добрите и фини луѓе завршуваат последни во животната трка, но завршуваат и први. Луѓето кои постојано бараат начини како да им помогнат на другите се на дното, но и на врвот на мерните скалила за успехот на еден човек.1.Заедницата е нужна
Постојано низ историјата луѓето функционирале во некакви заедници, биле тоа племиња, братства, родови

Пронајдете не на следниве мрежи: