Еве ги најдобрите вежби за вашиот хороскопски знак!

Секој од хороскопските знаци има омилен спорт, еве ги најдобрите вежби за вас …- Овен
Овните би требало редовно да вежбаат, а бидејќи сакаат активности во природа, за нив најидеално е возењето велосипед. Исто така, сакаат да се натпреваруваат, па било какви натрпеварувачки спортови се одлични за нив. Но, внимавајте да не се повредите од интензивно вежбање, а посебно внимавајте на глават.
– Бик
Биковите сакаат да седат дома, така што за нив идеални вежби може да најдат на ДВД или на интернет. Биковите исто така не сакаат теретани, бидејќи ги нервира музиката, гужвата и непријатниот мирис. Често пати имаат проблеми со килограмите затоа што ја сакаат храната, така што треба да обрнат внимание на она што го внесуваат.
– Близнаци
Близнаците се склони на тоа постојано да им биде досадно. Потребна им е разноликост, а во теретана секако може да ја пронајдат. Особено сакаат тренинг кој комбиннира различни спортови и вештини, но брзо се изморуваат. За нив идеална е јогата.
– Рак
Раковите како и Биковите, сакаат да бида дома. Затоа и за нив најмногу одговараат вежби кои може да ги прават во својот дом. Исто така, не сакаат справи за вежбање, а најмногу им одговараат вежби со истегнување и јога. Обично имаат слабо тело, па треба да се сконцентрираат на негово зацврстување.
– Лав
Лавовите сакаат внимание и затоа за нив идеални спортови се оние во кои може да се покажат. За Лавовите идеален е танцот или јогата. Бидејќи имаат проблеми со грбот, треба да ги зајакнат мускулите на овој дел од телото.

 
– Девица
Девиците сакаат се што вкулува детоксикација, па за нив идеална е Бикрам јогата, вид на јога кој се изведува во просторија со температура од 40 степени. Бидејќи Девиците обично имаат проблеми со варењето на храната, за нив вежбањето е на некој начин лек за нивната болка. Исто така, бидејќи имаат навика премногу да се грижат, за нив добри се сите облици на релаксација и медитација.
– Вага
Вагите обожаваат баланс и симетрија. Обично чувствуваат болка во долниот дел од грбот, за што може редовно да практикуваат истегнување. Бидејќи може да имаат проблеми со бубрезите, најдобро е да пијат многу вода, без разлика што и да вежбаат.
– Шкорпија
Шкорпиите сакаат да вежбаат сами, па за нив идеално е прошетка со кучето или трчањето на лента со слушалки и гласна музика. Сакаат да го менуваат интензитетот на вежбањето, па се препорачува да вежбаат вежби и со низок и со висок интензитет. Бидејќи обично горниот дел од рацете им е слаб, треба да го зајакнат бицепсот.
– Стрелец
Стрелците сакаат да трчаат и обично уживаат во џогирање или брзо одење. Исто така, сакаат предизвици, па се одлични кандидати за кросфит. Стрелците секогаш имаат потреба од цел кон која се движат и не сакаат едноличност.
– Јарец
Јарците сакаат предизвици и затоа го сакаат планинарењето. Исто така, може да се фокусираат лесно и сакаат да ја тестираат својата издржливост, но треба да внимаваат на колената.
– Водолија
Водолиите сакаат да поминуваат време надвор, да сурфаат, да пливаат и да вежбаат разни вежби во теретана. Сакаат да  вежбаат со музика, бидејќи таа дополнително ги стимулира. Треба само да внимаваат на зглобовите.
– Риби
Како воден знак, рибите сакаат да вежбаат во вода, па за нив идеално е пливањето. Исто така возењето ролери. Но, треба да внимаваат на своите стапала бидејќи тоа им е најчувствителен дел од телото.- Овен
Овните би требало редовно да вежбаат, а бидејќи сакаат активности во природа, за нив најидеално е возењето велосипе

Пронајдете не на следниве мрежи: