Девет генијални начини како да го искористите овошјето

Ќе ви откриеме неколку интересни начини на кои можете да го употребите овошјето.1. Замрзнете чоколадо и јагоди
Истопете едно чоколадо, ставете го во калап за мраз и во секоја коцка ставете по едно мало парче јагода.
2. Диња како чинија
Половина од издлабната диња може одлично да послужи како чинија за овошна салата.
3. Лубенца како торта
Парчињата лубеница ставете ги во млеко од кокос, ванила и мед, или во шлаг врз кој можете да наросите ливчиња од пржен бадем.
4. Полнети малини
Малините можете да ги наполните со парчиња бело чоколадо. Или, можеби имате некоја друга идеја?

 
5. Сладолед од банани
Сладолед од само една состојка? Да, зошто да не? Доволно е само да ставите банана во блендер.
6. Сендвич од јаболки
Потребни ви се кришки од јаболки, путер од кикирики, изронети ф`стаци и ете ви овошен сендвич!
7. Овошен такос
Ова може да биде доручек, ужина… изборот е само Ваш! Наредете го овошјето што ви се наоѓа при рака и додадете крем или пудинг од ванила. Ако немате ванила, можете како прелив да ставите и јогурт.
8. Суши
Направете си суши од овошје. Најдобро ќе биде тогаш кога ќе ја ослободите својата креативна страна и ќе почнете да комбинирате овошје и бои.
9. Додадете банани во хумус
Доколку сте љубители на хумусот кој станува се` повеќе популарен, додајте банана и ете ви ново јадење.
1. Замрзнете чоколадо и јагоди
Истопете едно чоколадо, ставете го во калап за мраз и во секоја коцка ставете по едно мало

Пронајдете не на следниве мрежи: