Тивок убиец: Шокантни факти за шеќерот кои не ги знаете!

Сладникавоста на шеќерот на сите им е добро позната, а на многумина им е неодолива. Шеќерот има и своја темна страна. Експертите тврдат дека шеќерот не труе и дека не сме ни свесни во кое количество го консумираме.1. Рафинираниот шеќер е поврзан со појавата на разни болести, како што се несоница, вртоглавица, алергии, депресија, кардиоваскуларни болести, хипогликемија, губење на косата, иритација на кожата, расипување на забите, дебелеење, дијабетес тип 2, карцином на дебелото црево. Шеќерот може негативно да влијае врз промените на расположението, појава на раздразнетост, астма, артритис, болести на срцето, повишен холестерол и ендокрини проблеми.
2.Шеќерот предизвикува зависност, бидејќи испушта супстанца која е како опијат што го активира предниот дел од мозокот што е задолжен за чувството на уживање.
3. Една лименка сок просечно содржи 40 грама шеќер, а најголемите извори на рафинираниот шеќер не се слатките, туку газираните сокови.
4. Консумацијата на шеќер просечно расте за 1% годишно. Производството на шеќер расте побрзо од неговата потрошувачка, што го прави да биде поефтин како производ. Во последната деценија, потрошувачката на шеќер се зголеми за 23%.

 
5. Консумацијата на рафиниран шеќер на организмот му го одзема витаминот В. Недостатокот на витамин В предизвикува симптоми како што се силно чукање на срцето, хроничен замор, параноја, анксиозност, несоница, проблем со концентрација, проблеми со варењето, осипи.
6. Бројната храна во својот состав има скриен шеќер. Кечапот, хот-догот, пецивата за хамбургерите, путерот од кикирики, помфритот и разните сосови содржат шеќер, дури и ако вкусот на таа храна не е сладок.
7. Рафинираниот шеќер нема хранливи вредности, но затоа има многу калории. Не содржи ни витамини, минерали, ензими, масти и влакна, бидејќи сето тоа ќе се изгуби за време на процесот на обработка. Шеќерот троши калиум и магнезиум кои се клучни за здравјето на срцето.
8. Истражувањата покажуваат дека животните подолго живеат со консумацијата на обична вода, отколку со консумација на вода и шеќер. Поради тоа, научниците велат дека во шеќерот нема ништо корисно.
1. Рафинираниот шеќер е поврзан со појавата на разни болести, како што се несоница, вртоглавица, алергии, депресија, кардиоваскуларни болести, хипо

Пронајдете не на следниве мрежи: