Што навистина се случува ако ги скубете влакната од носот?

Славниот д-р Оз ги појасни последиците од некои вообичаени навики, како што е чупањето на влакна од носот и одење во кревет со неизмиени заби.Д-р Оз овој пат ги открива последиците од 4 вообичаени навики кај луѓето.
Што ќе се случи ако на спиење отидете без да ги измиете забите?

Ако го правите тоа ретко, тогаш и не е некој голем проблем. Поголем проблем е што во текот на ноќта, за време на спиењето, нашата уста станува посува од вообичаено, а бактериите сакаат кога е суво. Ако го прескокнувате миењето на забите, подобро тоа прескокнување правете го наутро, отколку навечер.
„Здивот нема да ви биде свеж, но тоа е помалку шетно за забите отколку ако не ги измиете пред спиење“, советува др. Оз.
Што ќе се случи ако ги лупите изгорениците од сонцето?

После горењето од сонце, кожата почнува да се лупи. Кога ја лупите вашата кожа можете да ја оштетите и онаа кожа под тој горен слој. Задолжително користете заштитни креми кога се изложувате на сонце. Ако се случи да изгорите, на кожата нанесете алое вера. На тој начин ќе ја заштитите онаа млада кожа под слојот кој се лупи и нема да дојдете до искушение самите да си ја лупите кожата.

 
Што се случува ако ги скубете влакната од носот?

Луѓето сакаат да „буричкаат“ во својот, односно во внатрешноста на својот нос. „На луѓето им велам дека тоа е „триаголник на смртта“, тоа е триаголник меѓу носот и устата. Ако од тој дел ги искорнете влакната, ќе се појави крв. Крвта овозможува на бактериите во вашиот нос да се размножуваат. Со оглед на тоа што на вените на подрачјето на лицето им недостасува „заштитни вентили“, бактериите теоретски можат да влезат во крвотокот и да однесат инфекција некаде на друго место во телото. Немојте никогаш да ги скубете влакната од носот“, советува славниот доктор.
Што се случува ако испиете чаша вино, а пиете антибиотици?

Ако пиете алкохол додека пиете антибиотици таблетите и понатаму ќе се борат против бактериите. Но, мешањето на алкохол со лекови може да предизвика нус појави како што се мачнина и вртоглавица. Познато е дека комбинирањето на некои антибиотици и алкохол може да има сериозни последици. Во секој слчај, подобро е да избегнувате алкохол додека не оздравете, вели др. Оз.Д-р Оз овој пат ги открива последиците од 4 вообичаени навики кај луѓето.
Што ќе се случи ако на спиење отидете без да ги измиете з

Пронајдете не на следниве мрежи: