Ако имате промена на кожата, или вашата кожа е сува и испукана, мелемот од невен може да ви помогне. Лесно ќе го направите, а резултатите ќе ги забележите само после 10 дневна употреба.Невенот е билка која билкарите со децении ја користат за лечење на боллната кожа. Како што објаснува проф. Љубица Стојановиќ, целата билка е лековита, но за правење мелем и маст за нега и лечење, најчесто се зема цветот.
Ако патите од благ облик на дерматитис или екцем, или кожата ви е склона кон пукање, направете си мелем од невен.
Стопете еден килограм домашна свинска маст, а откако ќе зоврие додадете две дланки листови од невен и оставете на оган додека невенот не се испржи.
Тргнете го тенџерето од оган, покријте го со памучна крпа и оставете да отстои 24 часа.
Другиот ден, повторно загрејте ја маста додека не се растопи, па процедете го мелемот преку цедалка така што ќе ги отстраните испржените ливчиња невен. Мелемот префрлете го во стаклена тегла, и чувајте го во ладилникот.
Мачкајте ги заболените места на кожата 2 пати дневно, најдобро – наутро и навечер. Кожата ќе стане помека и понежна, а промените во видот на благ дерматитис ќе бидат помалку видливи.
Исто така мелемот е добар и ако останете без крема или лосон за нега на кожа.Невенот е билка која билкарите со децении ја користат за лечење на боллната кожа. Како што објаснува проф. Љубица Стојановиќ, целата билка е лекови



