12 карактеристики на еден џентлмен

Само затоа што некој носи добар костум, добар часовник и чевли, или ја задржува вратата за да поминете, не значи дека е џентлмен. Ви издвојуваме 12 карактеристики по кои ќе препознаете дали тој навистина ве цени и почитува.1.Имаат почит… спрема секого
Погрешно е сфаќањето дека да се биде џентлмен значи да ја почитуваш партнерката без оглед на се. Вистинскиот џентлмен не ја продава или предава својата почит. Тој ги почитува сите, без разлика на полот, расата, националноста, религиозната или сексуалната определба.
2.Даваат поддршка на соништата и целите на саканата личност
Почитта мора да е обострана, па за тој да ги почитува вашите желби и замисли, морате и вие неговите да ги поддржувате. Доколку имате стабилна врска, знајте дека тој ќе е покрај вас без оглед на се.
3.Искрени се и отоврени
Доколку навистина му се допаднете, ќе ви се отвори и ќе ви каже што мисли за вас и за тоа како вие би функционирале како заендица. Тој не сака да игра љубовни игри и да прави пресметки. Без разлика дали сте му се допаднале или не, ќе биде искрен и директен.
4.Не бегаат од заедничките проблеми
Има моменти во врската кога тешко пребродувате некој проблем. Затоа тој е тука да ви помогне да преболите, да ги решите проблемите и да заборавите.
5.Учтиви се… спрема секого
Тие се учтиви без оглед на ситуацијата и луѓето, и не се обидуваат „учтиво“ да ве доведат во кревет да остане само на тоа.
6.Ја држат вратата ако има некој зад нив
Ова може веќе е вообичаена појава, но е навистина убав и учтив гест да пуштите некого да влезе или излезе пред вас, или пак да му ја задржите вратата. Грубо е на некој зад вас да му ја треснете вратата в лице.

 
7.Прават компромиси
Кога нешто планираат, секогаш покрај своите потреби и желби ги земаат предвид и оние на партнерот. Свесен е дека светот не се врти само околу него.
8.Феминисти се
Полека, не кревајте врева! Денес многу луѓе не ја сфаќаат вистинската суштина на феминизмот. Вистинскиот џентлмен сфаќа дека феминизмот е теза која тежнее да ги изедначи мажите и жените, а не да ги претстави жените како потчинети на мажите и дека треба истите да ја преземат контролата над нив.
9.Им помагаат на луѓето
Тие сакаат да помагаат. Како и да е, помагањето на некој друг не им е животна цел, и не се постојано посветени на тоа. Сепак, малите знаци на внимание се бесценети.

10.Го ставаат семејството на прво место
Без разлика дали станува збор за партнерот, родителите, децата, браќата и сестрите, овие луѓе секогаш ќе се најважни за него. За нив семејството е се.
11.Нивните дела кажуваат повеќе од нивните зборови
Џентлмен е човек чии дела имаат посилен ефект и поголем опсег отколку неговите зборови.
12.Не се декларираат самите како фини луѓе
Џентлмените се одликуваат со скромност. Тие никогаш не се фалат себеси дека се најдобри, најучтиви, најобразовани, најшармантни и слично. Како во претходната точка, тие оставаат нивните дела да зборуваат за нив. Момците кои девојките ги викаат ку*ви и се жалат дека ги ставиле во ист кош со пријателите воопшто не се џентлмени.1.Имаат почит… спрема секого
Погрешно е сфаќањето дека да се биде џентлмен значи да ја п

Пронајдете не на следниве мрежи: