Без разлика дали секој ден пиете исто кафе, или пак пробувате нешто ново, вашиот избор на кафе може многу да открие за вашиот карактер.Турско кафе
Вие сте личност што се кажува директно, без заобиколувања и не се грижите за ништо. Повеќе се грижите за интегритетот отколку за каприците и сакате да го искусите животот во неговата вистинска форма.
Кафе со млеко
Вие многу мечтаете и сметате дека сите луѓе се добри. Исто така, во секоја животна ситуација барате добри и позитивни моменти.
Кратко еспресо
Вие сте многу тврдоглави, но и личности со јака интуиција. Постојано размислувате и кроите планови за остварување на вашите цели… и ги остварувате. За се имате план и од ништо не се откажувате така лесно.
Долго еспресо
Исто како кај оние кои пијат кратко, само што вам ви треба повеќе време за разрешување на проблемите и совладување на целите.
Кафе без кофеин
Главата ви вели да ја зграпчите можноста, но телото слабо реагира. Често се чувствувате растргнати помеѓу тоа што го работите и тоа што другите го очекуваат од вас.
Лате
Вие сакате повтроно да сте деца, да не се грижите за ништо друго освен за тоа кога пак ќе одите во паркот да си играте.
Капучино
Ако го пиете наутро, вие сте личност која сака да ужива во животот и знаете да поминете и низ лошо и низ добро. Ако го пиете преку ден, вие тежнеете кон вистината, но тоа понекогаш може да ве изнесе на погрешен пат. Затоа навечер би ви било подобро да се префрлите на обично кафе или еспресо.
Плус: Топло чоколадо
Се вели дека луѓето на кои им недостасува тоа топло и слатко нешто во животот најчесто го одбираат овој топол напиток. Топлото чоколадо се смета за афродизијак и хранител на духот. Ако топлото чоколадо го пиете со шлаг, тогаш навистина сте во невоља.Турско кафе
Вие сте личност што се кажува директно, без заобиколувања и не се грижите за н



