Дали сте осамени? Толку луѓе покрај вас, а сепак се чувствувате како да сте потполно сами?Познато чувство кај многумина… Ако се прашувате зошто, одговорот „лежи“ токму во вас.
-Една од причините се погрешните луѓе со кои го поминувате времето.
Како на пример оние луѓе од типот кои излегуваат колку само да „си ги искажат маките“ и да ве наполнат со негативна енергија. Не дозволувајте само тие да бидат центарот на вниманието. Оставете си простор да се искажете и вие.
-Друга причина најверојатно би била потрагата по љубов која и самите сте свесни дека нема да ја пронајдете. Бидејќи веќе имате „зацртано“ една. И колку и да барате, повторно ќе се вратите кај неа. Не поминувајте преку вистинската љубов. Секоја пролазна авантура е минлива.
– Трета би биле вие самите. Знаете ли всушност што сакате во животот?
Со кој сакате да бидете, со кого сакате да го поминувате времето, што навистина сакате да работите, покрај кого сакате да се будите и чие лице најпрво сакате да го видите кога ќе ги отворите очите? Која би била личноста со која би го испиле вашето преценето прво утринско кафе?
Доколку одговорот на сето ова е не- тогаш „фатете се за работа“
Започнете со анализа на самите себеси. Пронајдете ги вашите слаби точки, откријте без кого точно не можете да си го замислите денот. Откријте што навистина сакате.
И тргнете кон тоа. Се што ќе посакате може да ви се исполни. Баш се…
Доволно е само да го замислите…Познато чувство кај многумина… Ако се прашувате зошто, одговорот „лежи“ токму во вас.
-Една од причините се погрешните луѓе с



