Трагедија: Првомајското славење одзема 2 животи!

Првомајското славење во Сански Мост го одбележа голема трагедија откако во реката се удавиле двајца средношколциТрагедијата се случила во близина на населеното место Здена, каде група средношколци меѓу кои биле и двајцата несреќници го празнувале празникот.
Според изјавите на сведоците го избрале местото покрај самата река Блиха каде што текот на реката е регулиран со бетонска брана. „Запаливме скара, и го ставивме пиењето во реката да се лади. Се зафркававме дека ќе се бањаме во реката Билха, па поголемиот дел од нас се соблекоа во кратки шорцеви“ – изјави еден од сведоците на настанот.

 
Тој додава како во еден момент, еден од сега покојните пробал да го извлече пијалокот од реката, при што се лизнал и паднал во надојдената река. Според изјавите на сведоците, дечкото не знаел да плива па панично почнал да довикува помош, при што неговиот другар скокнал по него. Сведоците кажуваат дека двајцата успеале да останат на површината за краток период, а потоа водата ги проголтала. Билха е плитка река, но баш на тоа место, поради вештачката регулација е брза и брановита и достигнува длабочина и до неколку метри. Присутните веднаш го пријавиле случајот во полиција и повикале брза помош.
Телото на едното момче е извлечено непосредно во близината на несреќата, додека телото на другото момче застанало на еден од столбовите од мостот преку реката на стотина метри од самиот настан.
Докторите констатирале смрт на двете момчиња, а оваа трагедија во црно ги завила нивните семејства, пријатели и цел Сански Мост.Трагедијата се случила во близина на населеното место Здена, каде група средношколци меѓу кои биле и двајцата несреќници го празнувале празникот.

Пронајдете не на следниве мрежи: