Цистата на јајникот е меурче исполнето со течност или со полутечна содржина и се појавува на самите јајници. Цистите можат да се појават на било која возраст, но најчесто се појавуваат во репродуктивниот период и ретко по менопаузата.
Освен што можат да предизвикаат зголемување на јајниците, исто така можат да причинат и други тегоби како крварење и неплодност. Во поголемиот број случаи цистите се безопасни, сами пукаат, а некои треба хируршки да се отстранат.
За природно лекување се користи билката КОЊСКО ОПАВЧЕ (equisetum arvense):
Свежо набрана билка, треба да се сомеле во машина за мелење месо, или добро да се истолчи, па да се стави на ленена ткаенина и како облога да се нанесе во пределот на јајниците. Со оваа облога треба да се преспие.
Доколку не можете да најдете свежа билка, во тој случај користете сува: загрејте ја и хидрирајте ја на водена пареа.
Чај: Навечер потопете во студена вода, а следниот ден чајот само малку загрејте го, но да не зоврива. Една чаша чај од коњско опавче треба да се пие наутро на гладно, во текот на терапијата со облозите.
извор: https://nmd.mk/Цистите можат да се појават на било која возраст, но најчесто се појавуваат во репродуктивниот период и ретко по менопаузата.
Освен што мож



