Депресијата се појавува кај секој десети човек на земјата. Посклони на депресија се жените отколку мажите. Најпогодени се лицата од 46 до 64 години, како и оние кои неодамна излегле од брак, оние кои немаат високо образование или здравствено осигурување.
Како и кај секоја влошена здравствена состојба, така и кај депресијата постојат симптоми кои укажуваат дека патите од неа: чувство на тага и несреќа, промени во апетитот, немање волја за социјализација, раздразливост, нервоза и слично.
Многу е важно да научиме дека не можеме да бидеме континуирано среќни и задоволни, во спротивно ќе западнеме во депресија.
Треба да обрнете внимание на тоа каква храна може да му помогне на мозокот. Мозокот е 60% составен од масти, па така ви треба храна со корисни масти, како: лосос, сардина, листест зеленчук, ореви, говедско или јагнешко месо од говеда или овци хранети со треба и слично.
Потребни ви се и протеини, кои телото ги претвора во аминокиселини со кои се синтетизираат невротрансмитерите. Јајцата се идеален извор на протеини. Конзумирајте и повеќе шумско овошје и куркума бидејќи се одлични детоксификатори.
Зелениот чај е богат со антиоксиданси и има смирувачко дејство на вашиот организам. Земајте и витамин Д, бидејќи е одличен антидепресант, а и општо е познато дека ние сме нација со генерален недостаток на витамин Д.
Како и кај секоја влошена здравствена состојба, така и кај депресијата постојат симптоми кои укажуваат дека патите о



