Секојдневно ги јадеме а никогаш не сме знаеле која е нивната „тајна состојка“

Грчкиот јогурт најчесто се препорачува како поздрав избор од ''обичниот'' јогурт, бидејќи содржи повеќе протеини, но во едно пакување може да содржи и до 3 лажици шеќер.Кога станува збор за храната која содржи шеќер, на памет веднаш ќе ви паднат разни благи десерти. Но, за овие јадења никогаш не би помислиле дека ја содржат таа “тајна состојка”.
Се повеќе се зголемува бројот на луѓето со дијабетес, а храната која содржи шеќер е  дополнителна закана за здравјето на луѓето.
1. Сендвич со пилешко
Ако сте меѓу оние кои сакаат да јадат сендвичи со пилешко од fast food, ова ќе ве изненади. Иако никогаш не би можеле да претпоставите, ова јадење содржи шеќер, и тоа дури и до 16 грама, или четири супени лажици.
2. Сос од домати
Иако често вкусот нема да ни  открие дека содржи шеќер,  производителите во разните ” готови ” сосови од домати , кои можеме да ги купиме во продавниците, додаваат шеќер. Некои од овие производи содржат до 15 грама шеќер во износ од половина чаша. Ако купувате готови сосови за тестенини, побарајте од оние без додадени шеќери или од оние кои по порција содржат помалку од 7 грама.
3. Житарки
Пакувањето на “инстант” овесни снегулки, содржат шеќери. Некои пакувања содржат и до 18 грама шеќер, па подобро купете чист ове , а потоа подгответе си здрав појадок со додадени парчиња овошје и / или јогурт.

4. Грчки јогурт
Грчкиот јогурт често се препорачува како поздрав избор од “обичниот” јогурт бидејќи содржи повеќе протеини, но во едно пакување може да содржи и до 3 лажици шеќер. Избегнувајте овошен јогурт за да го намалите внесувањето на шеќер во организмот. А подобра опција ви е да купите грчки јогурт без адитиви и самите да го збогатите со парчиња свежо овошје по желба.
5. Замрзната пица
Ако купувате замрзната пица, фрлете еден поглед на декларацијата со попис на состојки. Ќе видите – шеќер, сируп од пченка … Овие состојки може да се “кријат” во тестото , и сосот. Некои производители во овие производи додаваат околу 6 грама шеќер по порција. Ако имате волја , време и можност, направете сами тесто за пица и сос без додавање на шеќер.Кога станува збор за храната која содржи шеќер, на памет веднаш ќе ви паднат разни благи десерти. Но, за овие јадења никогаш не би помислиле дека ј

Пронајдете не на следниве мрежи: