Жителите на планинските села на Голија немаат прилика често да се среќаваат со луѓе, но скоро секојдневно сретнуваат мечки, кои без страв шетаат на овие простори.Средбата со најголемата ѕверка во српските шуми не е невообичаена, но случувањето кое се одигра во средата може да се нарече несекојдневна.
„Во раните утрински часови, на “ 100 метри од куќата, чув звуци слични на стругање дрва. Низ прозорот видов мечка која гризе од бандерата за пренос на струја. Изгриза половина од бандерата, па се исплашив да не паднат жиците на куќата и да предизвикаат пожар, бидејќи бандерата веќе се нишаше, изјави Драгољуб Брковиќ од засекот Бела Вода на Голија.
Кога животното си заминало, тој видел дека бандерата е само истругана и пукната, за среќа не паднала.
Брковиќ вели дека средбата со мечки е секојдневна појава во таа област, и дека во шумата ила околу 20 мечки.
„Би било добро некој да се позанимава со овој проблем и животните да ги однесе во зоолошка градина, со оглед на тоа што внесуваат страв во домовите на луѓето кои живеат тука“, вели Брковиќ и додава дека знае дека тоа се заштитени животни и дека казните за лов се ригорозни.
Тој е загрижен дека може да дојде трагедија со оглед на тоа што неодамна мечка пресретнала девојче која си доаѓала дома од училиште. Средбата со најголемата ѕверка во српските шуми не е невообичаена, но случувањето кое се одигра во средата може да се нарече несекојдневна.



