Што да правите ако се повредите на 1ви Мај?

Сите со нетрпение ги чекаме првомајските излети во природа, но секако, никој од нас не би сакал некој инсект или помало животинче, или пак алкохолот да му го уништи празникот. Ви препорачуваме неколку корисни трикови доколку ви се случи нешто вакво. 
Мед и шеќер за помали рани
И најмалите гребнатинки може да се инфицираат ако времето надвор е топло, што го поттикнува раздвижувањето и размножувањето на бактериите. Медот уште од памтивек се користел како природен антибактериски намаз.
Раната намачкајте ја со мед, а може и да ја протриете и со малку шеќер. Повторете ја оваа постапка два до три пати во денот. Ако раната се зацрвени, отече или загнои, веднаш побарајте лекарска помош.

Чај против каснувања од инсекти
Каснувањата од инсекти оставаат мали отоци на кожата, кои почнуваат да чешаат, и ако ги чешате, ќе предизвикате алергиска реакција. Од јадежот најлесно ќе се ослободите со чај.
Ставете вреќичка чај во зовриена вода, оставете ја така десет минути. Потоа во подготвениот чај потопете крпа која ќе ја ставите на каснатото место за да ги спречите црвенилото, отокот и јадежот. Може да се обидете и со мешавина од овесна каша и вода, и смесата директно да ја нанесете на раната.

 

Краставица против изгореници
На сонце кожата може да изгори за само 20 минути, но вистинската болка доаѓа дури 5 часа подоцна. Краставицата како што е добра за уморните очи, така е добра и за кожата.
Ставете ја краставицата во фрижидер. Потоа на малите изгореници можете да ставите кругчиња од краставицата, а доколку изгореницата е поголема, ставете ја краставицата во блендер и направете паста со која ќе се премачкате на изгореното место.

Банана против мамурлук
Алкохолот ќе ве дехидрира и ќе направи да се тетеравите дури и утрото по 1ви Мај. Затоа наредниот ден пијте повеќе вода за да се рехидрирате, и јадете банани за да го вратите шеќерот во крвта полека. Ако изедете нешто друго слатко, та ќе го врати шеќерот пребрзо и ќе ви биде уште полошо.
  
Мед и шеќер за помали рани
И најмалите гребнатинки може да се инфицираат ак

Пронајдете не на следниве мрежи: