Видео:Погледнете која му била последната желба пред да почине!

Составил листа од 46 работи кои сака да ги направи пред да почине. Погледнете што се сакал да направи…Стивен Сатон (19) од Велика Британија, боледува од рак на дебелото црево.
Ракот му бил откриен кога имал 15 години. Иако му била направена операција и туморот бил изваден, сепак лошата болест му се повторила една година подоцна.
Деновите му се одбројани, но тој уште од 16 години си напишал работи кои сака да ги исполни додека е жив.
Составил листа од 46 работи кои сака да ги направи пред да почине.
Тој почнал да ги исполнува своите желби. Летал со авион во прва класа, бил на познатиот англиски стадион Вембли за да гледа фудбалски натпревар со неговиот омилен клуб, се истетовирал, свирел на тапани пред бројна публика, напишал книга, скокал со банџи и скокал од падобран. 
Стивен за време на својата борба со болеста практично станал медиумска ѕвезда во Британија. Држел и мотивациски говори пред голем аудиториум, запознал многу познати личности и фудбалери.
Сепак, една од неговите последни желби била да собере милион фунти за добротворни цели.
Минатата недела соопштил дека сака да ги собере тие пари за да докаже дека неговиот краток живот сепак имал смисла. За 7 дена собрал многу повеќе отколку што сакал.
За жал, Стивен моментално е во болница и е во тешка состојба, се очекува секој момент да почине.

 Стивен е пример за тоа дека секој може да ги оствари своите желби, само ако има цврсто зацртани цели за кои ќе се бори со сите сили до последен здив.

Стивен Сатон (19) од Велика Британија, боледува од рак на дебелото црево.
Ракот му бил откриен кога имал 15 години. Иако

Пронајдете не на следниве мрежи: