Наскоро ќе бидеме сведоци на две раси луѓе. Едните ќе бидат создадени од Господ – совршени во идејата, додека другите ќе бидат вештачки создадени суштества, луѓе кои со својата совршеност ќе го победат обичниот човек.Депопулацијата на населението е во полн ек. Сето тоа е плански и добро смислен напад на човекот – природниот и создаден од Бога. Благодарејќи им на неверојатните количества на отрови во храната, водата, воздухот и насекаде околу нас, стерилитетот кај луѓето е голема „чума“ која се има појавено во последните години.
Болеста на стерилните луѓе толку се има зголемено, што од неа болува секој 5-ти човек на планетата. И додека некогаш стерилитетот најмногу се има појавувано кај жените, денеска и мажите ги има во голем број. Но, бидејќи оваа болест е наметната и планирана, така и лекот за таа болест е подготвен од оние што ја имаат наметнато.
Имено, САД е во колапс. Готово сите индустрии и производството се во рецесија, или се ближат кон рецесија. Но, само една индустрија не ја почувствувала рецесијата. Тоа е индустријата за одгледување деца. Таа индустрија толку има напреднато што еден ден природно зачнатите деца би се бореле за своето место со ГМО, вештачките деца или идните надлуѓе.
Одгледување на деца во САД
Имено, вештачките матки, да, добро слушнавте, ВЕШТАЧКИ матки, се на чекор до целосно усовршување и пуштање за масовна употреба ширум светот. Дури и сега во Америка буквално цвета бизнисот на „заменско“ родителство или: медицински потпомогнато оплодување, а потоа и одгледување и раѓање на бебиња во позајмени матки.
Се работи за продажба на јајце-клетки, сперма, услуги, медицински потпомогнати оплодувања и договори за изнајмување и позајмување на матки.
Овие услуги ги користат луѓето кои не можат да имаат деца бидејќи се стерилни, хомосексуалци, но и модерни жени кои не сакаат да ги вкусуваат породилните маки.
Создадени се вештачките ГМО бебиња!
На 25. февруари оваа година, американската ФДА го одржа првиот од јавните состаноци на кој се говореше за генетски модифицираните луѓе и нивните наводни предности.
Дејли Мејл откри дека на 01.03.2014. е родено првото генетски модифицирано бебе во САД и дека се очекува раѓањето на уште 29 такви бебиња во наредните неколку месеци. Оваа вест е толку шокантна, посебно ако се знае дека бебињата за кои што зборуваме се направени со помош на тројца родители.
Како главна причина за одгледувањето на такви деца се наведува стравот од пренос на генетскиот код од родителите кои имаат некоја наследна болест, па така им се дава можност на тие родители да имаат здрави деца.
Ќе може да се бираат висината, тежината, бојата на очите, обликот на носот и слично.
Можеме само да погодуваме што ќе се случува понатаму, но едно е сигурно: Обичниот човек наскоро ќе биде на работ на исчезнувањето.Депопулацијата на населението е во полн ек. Сето тоа е плански и добро смислен напад на човекот – природниот и создаден од Бога. Благодарејќи им на



